понедељак, 2. јун 2025.

Етвининг проект „SEL in My English Class“

Земји учеснички во преоектот: Македонија, Турција, Италија, Грција, Литванија, Полска и Чешка. 

eTwinning проектот SEL in My English Class (Социо-емоционално учење на часот по англиски јазик) има за цел да ги поддржи нашите учениците во развојот на социо-емоционалното учење (SEL) и јазичните вештини преку интерактивни активности. Проектот исто така има за цел учениците да ги подобрат своите дигитални вештини користејќи Web2.0 алатки. Овој проект има за цел холистички да ги развие јазичните способности на учениците, негувајќи ги нивните социјални, емоционални и дигитални вештини, подготвувајќи ги да бидат ефективни комуникатори и емпатични поединци во глобален контекст.


Во проектот се вклучени ученици од V-б и VI- а, б, в одделение. 

Период за реализација на проектот е од октомври 2024 до мај 2025 година. 

Предвидени активности кои ќе се реализираат се изработка на лого и постер за проектот, online средби со наставниците и учениците од земјите учеснички, креирање на игри, користење на  Web2.0  и AI (вештачка интелигенција),  алатки за креирање на игри, одбележување на значајни датуми поврзани со интернет, учество во заеднички работилници со учениците од земјите учеснички, 

Проектот во нашето училиште се реализира од страна на предметниот наставник по англиски јазик Магдалена Бадарова.


Цели на проектот: 

1. Развој на јазикот

Збогатување на вокабуларот и вештините за разговор на учениците поврзани со секојдневни теми.

Подобрување на способноста на учениците да конструираат и да искажуваат едноставни реченици на англиски јазик. 

Негување доверба во зборувањето и презентирањето на англиски јазик преку интерактивни активности.

2. Социо-емоционално учење (SEL)

Градење на  самосвеста и самодовербата кај учениците со тоа што ќе бидат вклучени во активности кои промовираат самоизразување.

Негување емпатија, емоционално разбирање и ценење на другите преку активности фокусирани на семејството, саканите и емоциите.

Развивање на чувство на припадност и тимска работа со заедничка работа преку креативни проекти и игри. 

3. Културна и социјална свест

Запознавање на учениците со различни семејни структури и улоги во заедницата, промовирајќи разбирање и почитување на разликите. 

Учениците да истражуваат и да се гордеат со нивната локална заедница и домови преку активности за цртање и правење мапи.

4. Креативност и дигитална писменост

Поттикнување на креативноста со интегрирање на дигитални алатки (на пр. ChatterPix, Voila, Storyjumper) за подобрување на учењето и самоизразувањето.

Развивање на дигиталната писменост на учениците со користење на алатки како Wordwall, Padlet и веб-страници за анимација на креативни и интерактивни начини. 

5. Соработка и комуникација

Зајакнување на меѓусебните интеракции и комуникациските вештини преку активности во парови и групи.

Промовирање на тимска работа во колаборативни проекти како што се цртање куќа од соништата со проектните партнери и креирање дигитални приказни. 

6. Вештини за доживотно учење

Негување на љубопитност и внатрешна мотивација за учење преку вклучување на учениците во различни, пријатни и значајни активности.

Да ги научиме учениците да ги изразуваат своите мисли, преференции и емоции, поттикнувајќи самонасочено учење и саморефлексија.




Нема коментара:

Постави коментар