уторак, 23. мај 2017.

ПРОФЕСИОНАЛНА ОРИЕНТАЦИЈА НА УЧЕНИЦИТЕ ОД ДЕВЕТО ОДДЕЛЕНИЕ

Согласно  годишното планирање и оваа учебна година беа реализирани повеќе активности за професионалната ориентација со учениците од девето одделение.
Уште во текот на месец февруари од страна на психологот во училиштето Јорданка Радевска беа применети тестови за утврдување на општите и специфичните интелектуални способности на учениците како и утврдување на професионалните интереси и примена на скали за самопроценка на професионалните интереси. По обработката на тестовите се врши поврзаност помеѓу интелектуалните способности, успехот и интересите  на учениците.
По објавувањето на Конкусот за упис во средните државни училишта се изготвува презентација за Мрежата на средни државни училишта на град Скопје. Презентацијата ја реализираше педагогот на училиштето Весна Рафеска каде учениците се запознаа со видовите средни училишта и струките во поедини училишта. Детално беа појаснети критериумите за избор на ученици, предмети кои се предвидени во критериумите за рангирање на успехот, како и потребните документи за запишување.
Во месец март и април 2017 година во соработка со средните приватни и државни училишта во нашето училиште со деветите одделение беа реализирани презентации од следните училишта: Средно приватно училиште „Јакија Кемал“, „Саба“,  „International Nigh School“, ДСУ „Боро Петрушевски“,ДСУ „Владо Тасевски“,Гимназија „Раде Ј Корчагин“, ДСУ„ Здравко Цветковски“ ДСУ „Браќа Миладиновци“, ДСУ „Лазар Танев“

Во текот на првата половина од месец април психологот водеше индивидуални разговори и консултации со учениците во врска со изборот на училиште за понатамошно школување и даваше писмена препорака на секој ученик за избор на средно училиште.

„Традиција“


     На 17.05.2017(среда) учениците од I- IX одделение од подрачното училиште од населба Пинтија во голем број облечени во народна носија се претставија со пригодна програма во емисијата „Голем одмор“ на МТВ. Програмата под мотото„Традиција“ беше исполнета со изведба на кореографија на народните песни „Дафино вино црвено“, „Јовано, Јованке“, „Со маки сум се родила“, изведба на буфчанското оро, извадок од драмата „Македонска крвава свадба“. Во емисијата се претставија и талентираните ученици од нашето училиште, кои ги покажаа своите трофеи: медалји, пехари и многубројни признанија кои ги стекнале на регионалните и меѓународните натпревари. Во научното катче учениците од IX одделение истражуваа, а во уметничкото катче твореа на тема„Традиција“.


Одговорен наставник: Даниела Костадинова 

понедељак, 08. мај 2017.

Ѓурѓовден



На 05. 05. 2017г. општина Кисела Вода традиционално по 19 пат го одбележа својот патронен празник Ѓурѓовден. Овој голем пролетен празник кој го најавува будењето на природата и празнувањето на животот со пригодна програма беше одбележан во паркот Шопен.
Во одбележувањето на овој празник беа вклучени голем број ученици од основните училишта и дечиња од градинките кои гравитираат на територијата на општина Кисела Вода. Тие пред големиот број присутни се претставија преку изведба на музичко ритмички точки. Свој придонес дадоа и ученици од нашето училиште односно сите девојчиња од трето одделение кои со цветни декорации учествуваа во Цветното дефиле.
Општина Кисела Вода со одбележувањето на Ѓурѓовден, празник кој традиционално бил прославуван од населението во општината, докажува дека се грижи за зачувување на традициите и обичаите.





Приредби за идните првачиња

На 03.05.2017 во подрачното училиште,, Рајко Жинзифов" во населба Пинтија беше одржана пригодна Приредба за нашите идни првачиња од градинката „Весели цветови“- клон ЃУРЃИЦА што ја подготвија учениците од I - V одд. Од училиштето им подаривме Боенка и дрвени боички. Идните првачиња го покажаа задоволството од посетата во нашето училиште и не поканија да ја посетиме нивната Градинка!




Приредба во градинката „8 Март“ - населба Драчево

На 04.05.04.2017 година учениците од петтите оделенија од централното училиште под раководство на нивните одделенски наставници Софија Лукровска, Билјана Стефковска, Билјана Илиева и Елена Стојановска со дел од планираните слободни активности организираа пригодна програма и се претставија пред дечињата од соседната градинка, идните првачиња.
На оваа приредба од страна на учениците беа изведени неколку драматизации и ритмички игри. За време на приредбата преовладуваше весело расположение, а задоволството беше почувствувано од двете страни.

На крајот од приредбата на дечињата им беа поделени брошури со боенка и дрвени боички .