понедељак, 24. април 2017.

ЗАПОЧНУВА ЗАПИШУВАЊЕТО НА ПРВАЧИЊАТА ЗА УЧЕБНАТА 2017/2018 ГОДИНА





Меѓународен детски литературен   фестивал ,,Детско царство“ 


На меѓународениот детски литературен  фестивал ,,Детско царство“  кој се одржува во Бања Лука на 28. 04. 2017г., ученичката Сара Ибровиќ од  III-б одд. под менторство на наставничката Мануела Маркоска, влезе во потесниот избор во мала категорија и освои прво место.
Сара е гордост на семејството, наставничката, на нашето училиште ООУ,,Рајко Жинзифов“, а посебно на нашата татковина Македонија, која ја претстави во најдобро светло и ги доби сите пофални зборови од жири комисијата. Во иднина да биде уште подобра и поуспешна во поетските води, но и на други полиња.




ФРАНЦУСКО-ГЕРМАНСКИ САЕМ ЗА ДЕТСКА ЛИТЕРАТУРА 2017!

На 25.04.2017 во просториите на Универзитетската Библиотека „Свети Климент Охридски“ во Скопје беше одржан саемот за детска литература во организрација на Францускиот Институт и Гете Институтот од Скопје. Саемот беше отворен од Амбасадорите на Франција и Германија. Беа реализирани неколку часовни работилници во кои свое учество за француски јазик заземаа две скопски училишта од кои едното беше и нашето училиште ООУ„Рајко Жинзифов“. 21 ученик од подрачното училиште од н. Пинтија со наставничката по француски јазик Анета Ѓуровска-Арсовска остварија средби и беа дел од забавни работилници со француските писатели за деца Ан Мале (Anne MAHLET) и Марк Бутаван (Marc BOUTAVANT).

петак, 21. април 2017.

„Ракатки-2017“

                   На 22. и 23. 04. 2017 год. се одржа тринаесетиот литературен фестивал „Ракатки-2017“ во општина Радовиш. Ученичката Маркоска Мила ја освои првата награда за литературната творба „Во морето од желби“ и обезбеди учество на овој реномиран детски фестивал организиран од Сојузот на писатели на Р.Македонија. Фестивалот траеше два дена и се одржа во културниот дом  „Ацо Караманов“. 
Манифестацијата беше отворена од страна на градоначалникот и преседателот на фестивалот г-ѓа Славка Арсова. Покрај останатата публика гостуваа и повеќе писатели за деца меѓу кои Горјан Петревски, Филип Димкоски, Стојан Арсиќ, Горан Ачковски, Славка Арсова и др.. Ученичката гостуваше заедно со нејзиниот ментор, наставник по македонски јазик Мишевска Љупка. Покрај останатите подароци ученичката беше наградена со диплома за освоено прво место и успешно учество на фестивалот.

Во морето од желби

 Дете сум, па како и сите други
 имам желби еден милион.
 Некои се реални, а некои... кој знае
 можеби се остварливи само во сон.

Но,  желбите се дозволени нели?
Со нив е поинтересно, така се вели!
А кога во морето од желби јас бродам
не постои место во кое не можам да одам.

Ах, тие желби, постојано се низ мојата глава
како ли да стекнам светска слава?
Концерт на Мила,преполна сала,
аплаузи, гламур но јас уште сум мала,
а за таа желба верувајте се би дала!

Среќна сум од секоја  желба остварена,
но уште посреќна од љубовта  подарена,
од прегратката бабина остарена
од сечија насмевка искрено дарена.

Но,  желбите се дозволени нели?
Со нив е поинтересно, така се вели.
Сепак најголема желба ми е, секој здравје да има,
никаде војни, гладни и боси да нема.

                            Мила Маркоска VII-б одд.



„ГОЛЕМ ОДМОР“



             Учениците од I до IX одделение од централното  и  подрачното училиште на 18. 04 2017 г. (вторник) се претставија со пригодна програма во емисијата „Голем Одмор“ на МТВ со почеток во 10.30 часот. Носители на програмата беа наставникот по музичко образование во соработка со наставниците од одделенска и предметна настава.
   Програмата под мотото: „И пролетта празнува со нас“ беше исполнета со изведба на рецитали, стихотворби и драматизации на англиски и француски јазик како и интерпретации на музички точки со изведба во живо, поткрепени со кореографија.





ВЕЛИГДЕНСКИ ХЕПЕНИНГ


Во согласност со наставната програма за учебната 2016/2017 година беше планиран и реализиран ВЕЛИГДЕНСКИ ХЕПЕНИНГ. Одговорни наставници Софија Лукровска од одделенска настава и Виолета Павлеска од предметна настава.
Велигденскиот хепенинг започна во 15 часот. На претходно наместените клупи во холот од нашето училиште беа изложени изработките од учениците кои беа претходно изработени од самите ученици преку работилници со родители. Учество земаа сите одделенски раководители од одделенска и предметна настава и истите беа со својата паралелка до завршувањето на хепенингот до 16,30 часот. Присутни беа голем број на родители и гости на ова наше заедничко другарување. Собраните парични средства останаа кај одделенските раководители од одделенска и предметна настава и ќе бидат искористени за одредени приоритетни потреби во пералелката.


понедељак, 10. април 2017.

7 Април - Светскиот ден на здравјето

По повод 7 Април - Светскиот ден на здравјето , Здружението на бубрежно болни граѓани НЕФРОН реализираше работилници со учениците од трето одделение во централното и во подрачното училиште во населба Пинтија.
Едукативна активност  „Со здрави навики до здрави бубрези’’ како дел од проектот Децата и бубрежните болести - дејствувај навреме за да ги спречиш“, се состоеше од интерактивна едукативна презентација, поставување и одговарање на прашања со учениците, делење на подароци (едукативна тематска боенка, боички и шише вода) како мотивација и поттик за применување на здрави навики со цел превенција. Целата активност беше во траење од еден училишен час, односно 30 до 40 минути
        Носители на активноста беа Павлинка Балиска, дипл.психолог и Влатко Коколански, м-р по Јавно здравство, одделенските наставници и учениците од трето одделение.


         Извештајот го изготвил: Весна Рафевска - училишен педагог





петак, 07. април 2017.

посета на „САЕМОТ НА КНИГАТА 2017“


            На 07.04.2017 год. од 09,30 до 12,30 група од 108 ученика во која беа вклучени и членовите на библиотекарската секција, во придружба на училишниот библиотекар Никола Станковиќ и наставниците: Љуба Мишевска, Каролина Коларовска, Риса Тасиќ и Маја Грнчиштанова беа во посета на САЕМОТ НА КНИГАТА 2017.
        До саемот се патуваше со организиран превоз. Трошокот за превоз и влезница за саемот беше на товар на учениците. Влезницата беше по повластена цена за групна посета и чинеше 20 денари. На саемот беа разгледани повеќето од штандовите на издавачките куќи и беа земени каталози и рекламни материјали од истите за следење на нивната издавачка дејност, а учениците по сопствена желба, интерес и можност купија по некоја книга. По разгледувањето на штандовите, учениците организирано се вратија заедно со училишниот библиотекар и наставниците  во училиштето.

       Посетата на саемот и отсуството на учениците од настава во тој период беше одобрено од  директорот на училиштето Елизабета Славковска.






понедељак, 03. април 2017.

2 Април - Светски ден на детската книга

    2 април се празнува како светски ден на детската книга (International Children Book Day) за да ја испирира љубовта кон читањето и да го сврти вниманието кон детските книги во чест на роденденот на холандскиот автор на детски книги Ханс Кристијан Андерсен чија волшебност на неговите приказни достигнува до нас и по два века.
    Секоја година различна земја е домаќин на ова празнување која одлучува за темата и ги кани авторите од истата земја да напишат порака до децата од целиот свет, каде патем се ангажираат и илустратори на постер-дизајни од истата земја. Бројните пораки во еден дизајн остануваат валидни во текот на целата година сè додека не се избере нова земја - домаќин на овој настан.


    Кај нас настанот го одбележуваат издавачките куќи како „Вермилион“ и други, а истиот со пригодни активности се одбележува и во основните училишта.
      Во 1958 година УНЕСКО формира Меѓународен Златен медал по името на Андерсен, нарекуван уште и Мала Нобелова награда. Еднаш на две години оваа награда ја добиваат најдобрите писатели и сликари-илустратори на детски книги. Наградувани се Астрид Линдгрен, Селма Лагерлеф, Туве Јансон, Луис Керол и други.
   Во секоја земја во светот, од дамнешните времиња постоеле митови, приказни и легенди кои се предавале од колено на колено низ вековите, споделувајќи ја нивната идеја за креацијата, поврзувајќи се со историјата, споделувајќи го културното богатство, фрлајќи искри на љубопитност и овозможувајќи насмевки на лицата. За жал во многу земји во минатото, а и во денешно време, малкумина имале пристап до книгите. Но, со развојот на печатарството и издаваштвото, како и со развојот на општествата и нивното сфаќање на значењето на книгата како извор на знаење, мудрост и како средство за зачувување од заборавот на сопственото културно богатство, низ историјата па до денешно време овозможен им е пристапот до книгата на речиси сите, а најмногу на децата.
     Денес приказните допираат до секој возрасен и до секое дете исполнувајќи ја својата улога за креирање како на општеството, така и на семејствата, создавјќи индивидуи кои што имаат поголеми шанси да си ја најдат среќата.
Децата од одамна негувале интерес кон квалитетните наслови - со водство на „Малиот принц“, од „Гуливеровите патувања“, „Робинзон Крусо“, „Хаклбери Фин“, преку „Мери Попинс“ или „Алиса во земјата на чудата“, па сè до поблиското минато на „Хобитот“, „Господарот на прстените“, „Хрониките на Нарнија“, „Хари Потер“ и многу други.
   Светски и историски најпознатиот научник Алберт Ајнштајн за книгите и децата рекол: „Ако сакате вашите деца да бидат интелигентни, читајте им приказни. Ако сакате да бидат уште поинтелигентни, читајте им уште повеќе приказни“.

ХАНС КРИСТИЈАН АНДЕРСЕН
      Ханс Кристијан Андерсен е роден на 2 април 1805 година во Оденсе - Данска. Потекнувал од сиромашно семејство кое не можело да му овозможи редовно школување. Татко му му читал на малечкиот Ханс комедии, разни приказни, а најмногу необични бајки. Детето живеело со радост во светот на бајките, но за жал кркорењето во празниот стомак го потсетувало на постоењето на реалниот свет. Една стара и добродушна учителка го научила детето убаво да чита и пишува. По смртта на неговиот татко, сиромашниот живот, поткрепен само од мајчините скромни приходи, го натерал Ханс да се обидува и самиот да составува мали комедии, рецитации и песни кои потоа им ги претставувал на другите деца во својот малечок куклен театар. Сиромаштијата и тешкиот никогаш не го натерале да ја загуби волјата за подобар живот и ниту во еден момент не ја загубил храброста и вербата во себе.
    Неговото прво дело објавено е во 1829 година и не поминало добро кај пошироката јавност, но му овозможило многу познанства и пат до Велика Британија каде му бил гостин на Чарлс Дикенс. Неговото следно дело - романот „Импровизатор“ е одлично прифатено. По неговото објавување се вивнува во светот на уметноста и станува добредојден во друштвото на многу уметници, поети и членови на благородништвото со што дури тогаш неговиот живот почнал да му наликува на неговите бајки.
    Тој е еден од најголемите писатели на бајки. Ги проширувал, развивал народни мотиви во нив, но и создавал вистински дела. Неговите приказни се читливи, разбирливи и лесно се занесуваат во нивната содржина, као децата, така и возрасните. Тој комуницирал со децата и создавал толку впечатливи дела затоа што пишувајќи и самиот тој размислувал како дете. Такви се неговите приказни „Царевото ново руво“, „Оловниот војник“, „Малечката сирена“ и други. Умрел на 4. август 1875 година.

Познати цитати од Х.К.Андерсен:
-„Сè што ќе погледнеш, може да стане бајка, а сè до што ќе се допреш - да стане историја“.
-„Да му бидеш од корист на светот е единствениот начин да бидеш среќен“.
-„Целиот свет е серија на чуда. Само ние толку сме навикнати на нив, што ги нарекуваме обични нешта“.
-„Животот ми е најдобра илустрација на сите мои дела“.                                                         Изработил: Никола Станковиќ   (училишен библиотекар)


1 Април - Денот на шегата

По повод 1 Април - Денот на шегата, во подрачното училиште „Рајко Жинзифов“ во н.Пинтија, учениците од прво до петто одделение во придружба на нивните наставнички ја следеа комичната претстава ,,Малата принцеза Галена" каде актерите од Драмскиот театар на комичен начин ни ја опишаа принцезата и како таа успева да се спаси од здодевноста. Потоа маскираните ученици им ги покажаа своите маски на нивните другарчиња, а воедно беа избрани и најуспешните маски во секое одделение.


Одговорен наставник: Даниела Костадинова