среда, 15. април 2015.

Велигденски хепенинг

              На 08.04.2015г. во холот на нашето училиште се реализираше Пролетниот  велигденски хепенинг. Одговорни наставници беа Татјана Трпеска од одделенска настава и Наталија Делева од предметна настава. Учество земаа сите одделенски раководители со своите ученици.

      Низ повеќе форми за известување учениците и родителите беа запознаени со реализацијата на оваа активност. Прво одделенските раководители заедно со родителите и учениците реализираа работилници за изработка на пролетни и велигденски сувенири. 


             При изработката на сувенирите најчесто се користеше материјал за рециклирање со цел поттикнување на еколошката свест кај учениците. Низ сите изработки можеше да се забележи креативноста на учениците, наставниците и родителите.



Хепенигот имаше продажен карактер, а парите ќе бидат наменски искористени за потребите на учениците и училиштето. Посетеноста беше голема како од родителите на учениците така и од месното населиние.
Училишен педагод Весна Рафеска
14.04.2015 година

четвртак, 2. април 2015.

1 Април - Денот на шегата

                  Согласно Годишната програма за работа на училиштето за учебната 2014/2015 година на 01.04.2015г. (понеделник) во нашето училиште се реализираа активности за одбележување на  1Април - Денот на шегата. Сите ученици од прво до девето одделение заедно со своите одделенски раководители активно се вклучија во одбележување на овој ден. Беше посочено дека маските треба да бидат самостојно изработени и по можност од материјал кој може да се рециклира. По реализацијата на часовите во училишниот хол се одржа Дефиле под маска. Секое одделение имаше можност да ги прикаже своите маски. 



             Можеше да се забележи креативноста на учениците во изработака на првоаприлските маски.


          Покрај поединечните маски особено креативни беа учениците и во изготвувањето на групните маски.
Училишен педагог
                                                                                                              Весна Рафеска

училишен натпревар по англиски јазик во петтите одделенија

           На  13.03.2015 година од 8:45 - 9:25 се одржа училишен натпревар по англиски јазик за учениците од 5 -то одделение. На натпреварот учествуваа вкупно 12 ученика под менторство на наставничките Александра Колевска и Маја Димеска:

V a – Лука Божиновски
          Лука Ивановски
          Тамара Милошевска

V б – Ева Карамановска
          Јана Колоска
          Ели Петреска

V в – Нејра Суљовиќ
          Марија Петрова

V г -  Горазд Гигов
          Марко Георгиев
          Јордан Петровски
          Сандро Каровски


         Најголем број поени на  тестот освоија ученичките Ева Карамановска и Ели Петреска и истите ќе учествуваат на општински натпревар по aнглиски јазик на 04.04 во ОУ „Блаже Конески“.