понедељак, 24. фебруар 2014.

Освоено второ место!!!

Ученикот Симон Шоклевски  од VII-б  одд. го освои второто место на јавниот конкурс по повод Светскиот ден на мајчиниот јазк на тема:
МОЈОТ МАЈЧИН ЈАЗИК Е МОЕТО ПОСТОЕЊЕ, МОЈАТА ИДНИНА
со следнава творба:

ЖЕЛБА

Имам желба голема,
роднино моја од Холандија,
да ти покажам од каде си,
каде родното место ти се наоѓа.

Да видиш наши стари огништа,
да слушнеш кавали на овчари,
да вкусиш качамаци и зелници,
да облечеш везени со срма елеци.

И тогаш ќе посакаш:
ќе посакаш да заиграш, оро наше народно,
ќе посакаш да запееш, песна наша народна,
песна стара македонска.

За јазикот ќе прашаш наш,
за тој ѓердан нанижан,
за јазикот македонски,
за твојот јазик мајчински.

А јас ќе ти одговорам,
чувај го, и ти негувај го,
на идни поколенија пренеси го,
тој е наше минато, сегашност и иднина!


Симон Шоклевски  VII-б  одд.

Ментор:  Љупка Мишевска

среда, 12. фебруар 2014.

СЛАВИМЕ 50 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ

ПРЕД 50 ГОДИНИ
ЗАВЕСАТА СЕ КРЕНА,
ПРЕТСТАВАТА ЗАПОЧНА


Како река во него
учиме сите
во него ги раскажуваме
најубаво дните.

Првата песна во тебе
се пее,
првата реченица
во тебе се лее.

Во твоите училници
учевме, се смеевме
и добрини, згоди и незгоди
во срцата слевавме.

Во тебе натпревари разни
приредби интересни има
и другарство во тебе тече
како снегот во зима.

Мама, тета, вујче
спомени споделуваат
од време минато
исполнето со смеа, игри и песна,
а ние идните генерации
ќе продолжиме да чекориме
и да ја пееме истата песна.

Училиште мило, училиште драго
во срце ќе те носам
како најубав цвет
што постои на овој свет!

Калина Груевска  V-а одд.

Ментор: Валентина Димишковска

уторак, 11. фебруар 2014.

Што е љубов?

ЉУБОВ

Љубов, љубов
што ли е тоа чудо?
Дали е да се вљубиш
во некого лудо?

Љубовта е мало зборче
но значење има.
Тоа мало зборче
секој го прима.

Љубовта е како
слободна птица во лет
и треба да ја негувате
како најнежен цвет.




Борјана Ѓорѓиевска   V-а одд.


Ментор:  Валентина Димишковска

уторак, 04. фебруар 2014.

ЛИЧНА ТВОРБА НА НАШАТА УЧЕНИЧКА ЕЛВЕДИНА ХАСИЌ

Ѕвездички

Ѕвездички, ѕвездички
верни сестрички,
на небото што нема крај
блескајте во ѕвезден сјај.

Со Месечко мил
што од злато бил,
секогаш се дружат
и со него кружат.

Имаат таква моќ
да танцуваат цела ноќ а,
наутро штом зора руди
ништо веќе не ги буди.


Елведина Хасиќ  VI-в одд.