петак, 18. октобар 2019.

ВОННАСТАВНИ АКТИВНОСТИ




ХОРТИКУЛТУРНО УРЕДУВАЊЕ НА УЧИЛИШНИОТ ДВОР

        Денеска 18. 10. 2019 г., учениците од 7-а и 7-б одделение, заедно со своите наставници во рамките на планираните воннаставни активности реализираа холтикултурно уредување на училишниот двор. За таа цел во претходно подготвени жардињери од отпадни гуми за засадија цвеќиња и други растенија со што дадоа свој придонес во разубавувањето на нашиот училишен двор.


уторак, 15. октобар 2019.

ДЕТСКА НЕДЕЛА „Имаме право на среќно детство!“



Во рамките на одбележувањето на Детската недела која оваа година се одбележа под мотото „Имаме право на среќно детство!“, нашето училиште и оваа година реализира низа активности:
7.10.2019г. (понеделник)  – Запознавање на учениците со програмата за работа на Детската организација при нашето училиште и читање на одредбите од Конвенцијата за правата на детето;
8.10.2019г – (вторник) – „Моите права, моите  обврски“ - Изработка на апликации „рачиња“ - пишување мои права, мои обврски;
9.10.2019г – (среда) - Ликовна работилница – Печатење „Отпечаток од рака“;
10.10.2019г – Свечена приредба по повод прием на првачињата во Детската организација и давање на свечено ветување од страна на учениците со што  станаа членови на Детската организација.
Нивното зачленување беше свечено организирано со пригодна приредба, а оваа година сите ученици добија и азбуки кои беа донација од аптеките „Зегин“.    
Низ игра и музика, учениците се дружеа и уживаа во овој посебен ден.
                                                               
                                              Одговорен наставник:  Билјана Христовска




Деца, генијалци
(приредба по повод детската недела - подрачно училиште Пинтија)

  Децата се нашето најголемо богатство, наша гордост и иднина. Светлина во очите и радост во душата. Скокотка нивниот џагор и љубопитност. И како што и самите велат, додека возрасните дисциплина и учење бараат, нив очињата за игра, лево и десно им шараат.
Неделата на детето е потсетување за нивните права и можности. По тој повод од 07.10.29019г. понеделник до 10.10.2019г. четврток се одржаа различни активности посветени на детските права и задолженија под мотото „Имаме право на среќно детство“. Последниот ден, четвртокот, беше организирана свечена приредба на тема – Деца генијалци, за прием на првачињата во детската организација. Сценариото и драматизацијата беа подготвени од учениците од III-г одд. и нивниот одделенски наставник Кети Сталеска, а учество земаа со свои кореографии, свирење на флејта и презентирање на детските права и задолженија учениците од II, III, IV, V и VI  одделение подготвени од нивните одделенски наставници. На крајот од приредбата првачињата дадоа свечена заклетва и им беа поделени подароци.
      Одговорен наставник во подрачното училиште во Пинтија: Кети Сталеска


петак, 04. октобар 2019.

5 Октомври – Денот на учителот



 По повод Денот на учителот во нашето училиште беше реализирано литературно творење на учениците во склоп на своето оделение, заедно со своите наставници, како во централното училиште така и во подрачното училиште. Учесници беа сите ученици од четврто до деветто одделение од кои некои твореа на својот мајчин јазик. Во оваа активност беа вклучени голем број на ученици кои со своите творби придонесоа да има квалитетен избор на успешни творби. За овој настан да има убав естетски и свечен чин, литературните творби беа читани во просториите на училишната библиотека во присуство на директорката на училиштето Љубица Наумовска, како и педагогот, психологот, дефектологот и сите одделенски раководители со своите ученици - учесници на овој настан. На учениците за нивните творби им беа доделени пофалници за активното вклучување во одбележувањето на овој ден, а од нивните творби во училишната библиотека ќе биде изработена и испечатена соодветна литературна збирка.

Одговорни наставници

Татјана Трпеска
Каролина Коларовска
Љуба Мишевска
 
Збирката можете да ја погледнете или превземете на:
https://docs.google.com/viewer?a=v&pid=sites&srcid=ZGVmYXVsdGRvbWFpbnxyYWprb3ppbnppZm92fGd4OjRhM2QzOGI1MzE1MjUxM2U

По повод Денот на учителот и во подрачното училиште во населба Пинтија беше реализирано литературно творење на учениците од IV и V одд. Учениците своите творби ги прочитаа пред своите другарчиња од останатите одделенија. На учесниците за нивните творби им беа доделени пофалници .
                                                                       Одговорен наставник: Горица Станковска