петак, 27. септембар 2019.

ДЕНОТ НА ТАТКОТО



Веќе неколку години учениците од одделенска настава се вкучуваат со активности по повод Денот на таткото. Оваа учебна година такви активности се реализираа со учениците од трето до петто одделение. Учениците имаа можност да творат за својот татко при што го опишуваа ликот на таткото, но и чувствата кон него. Дел од учениците изработија и ликовни творби и честитки и со истите ги украсија  паноата во училниците.


четвртак, 26. септембар 2019.

Европскиот ден на јазиците



ако сакаш пријатели - биди пријател!“
да се биде вистински пријател значи да се има големо срце во кое ќе има љубов за сите.
Ако сакаш пријатели - биди пријател!


Традиционално и оваа учебна година во нашето училиште беше одбележан Европскиот ден на јазиците со приредба во која земаа учество учениците од прво до деветто одделение, подготвувани од страна на предметните наставници Даме Коларовски, Анета Макревска, Магдалена Бадарова, Анета Ѓуровска Арсовска, како и одделенските наставници Виолета Николин, Маја Атанасовска Спасеска, Валентина Димишковска и Елена Стојановска.
Мотото оваа година беше „Ако сакаш пријатели - биди пријател“. Преку пригодна програма учениците ја запознаа публиката за значењето на овој празник, за важноста од изучување на странски јазици, пееја и зборуваа за пријателството на македонски, англиски и француски јазик.




среда, 25. септембар 2019.

СРЕДБА НА СТРУЧНИТЕ СОРАБОТНИЦИ



На покана на директорот на училиштето на 19.09.2019 година во нашето училиште се одржа средба со сите стручни соработници од основните училишта на Општина Кисела Вода. Ваквата соработка ќе продолжи и во иднина со цел  подобра комуникација и размена на искуства за поквалитетен образовен процес.



понедељак, 02. септембар 2019.

ДОБРО НИ ДОЈДОВТЕ МИЛИ ПРВАЧИЊА !!!



         Денеска со почеток во 8,30 часот беше извршен свечен прием на првачињата. За таа цел учениците од вторите одделенија настапија со куса претстава - рецитали и ритмичко-танцови точки, а потоа директорката Љубица Наумовска одржа кус поздравен говор до присутните родители и нивните деца по што ги прозва новите првачиња и заедно со нивните учителки ги испрати во нивните училници на првиот училишен час.
Оваа учебна година во нашето училиште беа запишани 107 дечиња кои беа распределени во пет паралеки - две целодневна настава и три класична настава.