четвртак, 29. март 2018.

Oпштинскиот натпревар по англиски јазик

На 24.III 2018 година се одржа општински натпревар по англиски јазик за учениците од V до IX одделение. Учество земаа 10 ученика од нашето училиште од кои тројца се пласираа за регионален натпревар и тоа:
Ø    Мелиса Џанова од VIв одделение со 93 од 100 бодови и освои второ место (ментор Анета Макревска)
Ø    Марија Пертова од VIIIв одделение со 93 од 100 бодови и освои трето место (ментор Магдалена Бадарова)

Ø    Марија Трајаноска од IXд одделение со 83 од 100 бодови и освои второ место (ментор Маја Димеска)

среда, 21. март 2018.

ПАКОМАК СЕЛЕКТИРАЈ ИДНИНА

Претстава „ХОКУС ПОКУС  - РЕЦИКЛИРАЊЕТО Е ВО ФОКУС“


      Денеска, 21.03.2018 година во нашето училиште, као и во подрачното училиште во н. Пинтија, гостуваше Екомагионичарот Кристиан Шопов со 45-минутно магионичарско шоу. Претставата беше исполнета со 15-тина трикови, проследени со музика и реквизити со цел децата од 6 до 10 години да научат како да ја практикуваат 3-Р програмата (Рециклирање, Реупотребување и Редуцирање). Преку активна анимација на децата, со примери во триковите и со важни пораки за зачувување на животната средина екомагионичарот К. Шопов приреди магично шоу кое ни едно дете не го остави рамнодушно.




среда, 07. март 2018.

„ПОСАКАВ - БУДЕЊЕ...“





Уредување на холот по повод Патрониот празник на училиштето

Тимот за естетско уредување во согласност со сценариото кое беше под истото мото ,,Посакав - будење...“  го осмисли естетското уредување на просторот. Беа изработени пролетни мотиви на стиропор, декорирани со цветови, пеперутки, птици  и кукла облечена во  цветна креација која асоцираше пролет. Исто така беа осмислени пораки и мудри изреки во корелација со мотото.






Литературен конкурс на тема „Посакав - будење...“

                По повод  патрониот празник но нашето училиште се организираше литературно читање на прозни и поетски творби на тема:  „Посакав - будење...“. На литературниот конкурс учествуваа ученици од трето до деветто одделение, како во матичното така и во подрачното училиште во н. Пинтија. Оваа година за прв пат покрај на македонски јазик се твореше  на англиски и француски јазик. Комисијата се потруди да ги одбере најдобрите и да ги награди со пофалници. Со лични творби учествуваа и наставниците и родителите. Литературното читање се одржа во просториите на училишната библиотека на 16.03.2018 во 10 ч. во организација на одговорните наставници:  Мишевска Љуба, Маја Атанасовска, Макревска Анета, Магдалена Бадарова и Анета Ѓуровска.
             Беа наградени следните ученици:
(Предметна настава)
1.место Ева Карамановска - 8-б одд.
2.место Емељ Чико - 7-б одд.
2.место Тамара Милошевска - 8-а одд.
3.место Јана Велкоска - 7-а одд.

(Одделенска настава)
1.место Ивона Радеска - 4-г одд.
2.место Ема Тарчуговска - 5-б одд.
3.место Сара Ибровиќ - 4-б одд.

(Предметна настава)-творби на англиски јазик
1.место Ева Карамановска - 8-б одд.
1.место Ели Петреска - 8-б одд.
2.место Глорија Стојчева - 9-а одд.

(Предметна настава)-творби на француски  јазик
1.место Лејла Ибровиќ - 6-б одд.

БЛАГОДАРНИЦИ ЗА:
Мира Јовеска - одд. наставник
Ленче Златеска - родител







Mеѓуодделенски натпревар по Англиски јазик
за учениците од 4-то одделение
Во рамките на активностите за Денови на училиштето на 13.03.2018 година (вторник) од 11:00 - 12:00 часот се одржа меѓуодделенски натпревар по Англиски јазик за учениците од 4-то одделение. На натпреварот учествуваа вкупно 20 ученика под менторство на наставничката Александра Колевска.
            IV-a одд. – Димитар Жајковски, Лука Ивновски, Сандра Јаневска, Марко Стефковски, Даниел Тодевски;
            IV-б одд. – Миа Јаневска, Марко Маркоски, Лина Стаменкоска, Анастасија Стојкова, Константин Шоклевски;
            IV-в одд. – Eва Арсовска, Марија Ѓорѓевиќ, Јана Илиева, Христијан Јовановски, Ема Павловска;
            IV-г одд. -  Давид Здравковски, Јана Мирческа, Ивона Радеска, Мила Станковска.
Најголем број поени и прво место освои ученикот Давид Здравковски од IV-г одделение, на второ место е ученичката Ивона Радеска од IV-г одделение, а на трето место е ученичката Марија Ѓорѓевиќ од IV-в одделение.

.





ИСТОРИСКИ ДЕН
14.03.2018г.




Меѓународен натпревар по математика
 „Кенгур без граници-2018

По повод престојниот Патронен празник на нашето училиште и одбележување на Денот на екологија на ден 15.03.2018,  се одржа Меѓународниот натпревар по математика „Кенгур без граници - 2018“. На натпреварот учествуваа 89 ученика од прво до деветто одделение во траење од 75 минути.
Меѓународниот натпревар по математика „Кенгур 2017“ се одржува секогаш на ист ден во цела Европа и на истиот активно учествуваат ученици од сите земји. Целта на овој натпревар е да се зголеми интересирањето за математиката и природните науки, да се зголеми степенот на логичкото размислување кај учениците, како и да се искорити стекнатото знење по математика.


Одговорни:
Предметните наставници по математика





Ликовен ден-ликовен колаж

 По повод одбележување на деновите на училиштето, на 16.03.2018 година беше реализиран ликовен ден: ликовен колаж – творење на тема: „Посакав - будење ...“ Учесници беа учениците од одделенска и предметна настава. Се направија прекрасни изработки со примена на различни техники....  Изработените паноа беа поставени во холот на училиштето, со што се даде придонес во украсувањето на холот за свечената приредба по повод Патрониот ден!
Одговорни наставници:
Одделенска настава-Татјана Трпеска
Предметна настава- Барбара Спасевска


Во рамките на планираните активности по повод одбележување на денови на училиштето на 16.03.2018 година и во подрачното ушилиште во н. Пинтија беше реализиран ликовен ден: ликовен колаж – творење на тема: „Посакав - будење ...“ Учениците од Продолжен престој и од одделенска настава под водство на нивните наставнички со нивните вешти рачиња направија прекрасни изработки со примена на различни техники. Секое одделение имаше своја подтема за екологијата, природата, новото утро... Изработените паноа ќе го красат холот на училиштето.
                                                    Одговорен наставник: Даниела Костадинова






СПОРТСКИ ДЕН

                  На 17.03.2018г. од 9 до 11 часот се одржа спортски ден „Спортуваме и се забавуваме“ во рамките на ДЕНОВИТЕ НА УЧИЛИШТЕТО. По тој повод беа организирани спортски натпревари во фудбал за машки. Во натпреварите зедоа учество ученици од шесто до деветто одделение. Во првиот натпревар помеѓу 8. и 9. одделение победник беше 8. одделение, а во натпреварот помеѓу 6. и 7. одделение победник беше 7. одделение со резултат 4:2.
        Натпреварите кои се одржаа беа од спортски и забавен карактер и сите ученици беа победници.


                               Одговорни наставници (наставници по физичко и здравствено образование):
                                               Маја Грнчиштанова, Јовица Ефтовски и Горан Андреевски


СВЕЧЕНА ПРИРЕДБА

       На 20.03.2018 година беше реализирана СВЕЧЕНАТА ПРИРЕДБА на тема „ПОСАКАВ БУДЕЊЕ“ како последна планирана активност во ДЕНОВИТЕ НА НАШЕТО УЧИЛИШТЕ.
               Во почетокот пред голем број гости и родители имаше обраќање кон присутните директорката Елизабета Славковска, а воедно ја искористи  можноста и да ѝ го честита, во свое име и во име на целиот колектив, одењето во пензија на нашата ценета колешка - училишниот педагог Јорданка Радевска, и да ѝ посака долги и среќни пензионерски денови.



        Во продолжение на приредбата настапија учениците со низа точки во чија подготовка и реализација учествуваа и голем број одделенски и предметни наставници.
1.      Песна Crazy dream - III одд. (Вики Николин)
2.      Водителки + поздравен говор на директорката
3.      Кратки изреки - V одд. (Маја А.С.)
4.      Ритмичка точка "Pink Panter" - I одд. (Билјана Илиева)
5.      Извадоци од песни - рецитирање - V одд. (Мира)
6.      Песна „Сакам да сум свој“ - IV одд. (Мануела)
7.      Говорење на англиски јазик - мудри мисли - IX одд. (А.Макреска)
8.      Песна „Dreamer“ + I одд. (Елена Стојановска)
9.      Музика за француски па Цитати на француски јазик - VIII одд. (А.Ѓуровска)
10.  Песна „Крајно време е...“ + II одд. (В.Димишковска)





уторак, 06. март 2018.

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ДЕНОТ НА МАЈЧИНИОТ ЈАЗИК



Општина Кисела Вода, преку Секторот за образование, предучилишно воспитување, култура и спорт во соработка со основните училишта по 11- ти пат свечено го одбележа Денот на мајчиниот јазик. Во присуство на градоначалникот Филип Темелковски, претседателот на Советот и раководителот на Секторот за образование, предучилишно воспитување, култура и спорт, беше одржана пригодна свеченост на која учениците од Општината се претставија со музички и ритмички точки, а беа доделени и наградите за најуспешните од конкурсот на тема ,,Мајчиниот јазик – културен и историски белег на нашата татковина“.Се работеше за литературен и ликовен конкурс на кој активно учество зедоа учениците од основните училишта од општината поделени во две категории. Во првата беа ученици од прво до петто одделени, а во втората основците од шесто до деветто одделение.
Комисијата од Општина Кисела Вода ги награди следните ученици од нашето училиште:

 Литературни творби -  I  категорија
III Место  Инес Стојчевска  V–а,  ООУ ,, Рајко Жинзифов“. Ментор: Богданка Пановска

Литературни творби -  II  категорија


III Место (проза)  Ева Карамановска  VII– б,  ООУ ,, Рајко Жинзифов“. Ментор: Љуба Мишевска








ОПШТИНСКИ   НАТРЕВАР   ПО 
ПРИРОДНИ НАУКИ ЗА ЧЕТВРТО ОДДЕЛЕНИЕ

На 03.03.2018 год. во ООУ,, Круме Кепески“, Кисела Вода се одржа Општински натпревар по Природни науки и Биологија за учениците од IV до IX одделение.  
        На ниво на  четвртите одделеније  учествуваа   ученици од  IV–б и од IV одделение под менторство на наставниците: Мануела Маркоска и Даниела Костадинова.
      Од IV–б одделение беа учениците:
Сара Ибровиќ, Миа Јаневска,Марко Маркоски, Матеј Колигов под менторство на Мануела Маркоска.
     Од IV одделение беа учениците:
Ивона Радеска, Марко Николовски, Јана Мирческа и Мила Станковска под менторство на Даниела Костадинова.
      Подготвени ги чекаме резултатите од општинскиот натпревар за да видиме кој ќе учествува на регионалниот натпревар по природни науки што ќе се оддржи на 15.04.2018 година.
                                                                                             одд.наставник:
                                                              Даниела Костадинова








ПРОЕКТ  „Рециклирање кажи - ДА“


Со цел да ја зачуваме животната средина и да ја подигнеме еколошката свест  во нашето училиште се реализира проектот „Рециклирање - кажи ДА“ во соработка со фирмата за рециклирање  пластика ПАКОМАК.
За месец февруари собрани се 4925 стари пластични шишиња во  централното училиште и 1625 пластични шишиња во  подрачното училиште или вкупно 6550 стари пластични шишиња.
Се наградува  IV – в одделение кое има собрано вкупно 844 пластични шишиња.
Се наградува  ученикот   Милош  Милошески од  I – б кој има предадено  388 пластични шишиња.
Се наградува  IV – г одделение - Пинтија  кое има собрано вкупно 616  пластични шишиња.
Се наградува  ученикот   Ален  од  IV – г одделение - Пинтија кој има предадено  123  пластични шишиња.
Се наградува ученикот  Јован Мирчевски  од  VI - г одделение кој има предадено  261  пластично  шише.
IX – г  одделение добива пофалница.
Училиштето за наградените ученици и одделенија обезбеди скомни награди.

Општинскиот натпревар по математика на учениците од ООУ „Рајко Жинзифов” одржан на 24. 02. 2018г.

На 24.02.2018г. се одржа општинскиот натпревар по математика на учениците од 4-то до 9-то одделение од основно образование во ОУ„Партенија Зографски“-Кисела Вода.
На ниво на  четвртите одделеније  учествуваа   ученици од  IV–б и од IV одделение: Миа Јаневска IV–б одд., Марко Маркоски IV–б одд.:ментор Мануела Маркоска  и  Јана Мирчевска од IV-г одд.:ментор Даниела Костадинова.

На натпреварот како тестатор од нашето училиште за одделенска настава беше одделенскиот наставник Мануела Маркоска.
Нашето училиште учествуваше со 19 ученици, од кои Дамјан Георгиевски од 9-г одд. освои втора награда, а 8 ученика беа пофалени. Право на учество на регионалниот натпревар кој ќе се одржи на 31.03.2018г. имаат 13 ученика (ученици кои освоиле 30 и повеќе од 30 поени на општинскиот натпревар).
       Регионалниот натпревар на учениците од основно образование ќе се одржи на 31.03. 2018г. со почеток во 09:00 часот и со времетраење од 150 минути.
Училиште домаќин:  ОУ „Марко Цепенков“ Зелениково
       На натпреварот ќе бидат дадени 5 задачи кои ќе се вреднуваат со вкупно 100  бода.


Актив на математичари при ООУ „Рајко Жинзифов“

Професионален развој на наставниот кадар

Согласно Годишната програма за работа на училиштето и програмското планирање за професионален развој на наставниот кадар на 24. 02. 2018 год. училиштето во соработка со Друштвото за консалтинг и услуги КОУЧИНГ-Н организираше и реализираше обука на тема:
„Користење на инклузивни стратегии за учење и поучување на ученици со посебни образовни потреби“.
Обуката ја водеше Велика Миленковска - дефектолог, а ја посетија 29 наставника од одделенска и предметна настава.

Учесниците на крај се здобија со сертификати.