среда, 24. децембар 2014.

УЧИЛИШЕН НОВОГОДИШЕН БАЗАР



         По повод новогодишните празници во холот на нашето училиште на 24. 12. 2014година (среда) беа организирани:

НОВОГОДИШНА ПРИРЕДБА која ја реализираа учениците од одделенска настава со почеток во 16,30 часот и

НОВОГОДИШЕН БАЗАР со почеток во 17,00 часот. На базарот со свои пригодни изработки учествуваа учениците од I до IX одделение, а учество зедоа и учениците од средното училиште „Браќа Миладиновци“ - населба Драчево.

Собраните средства ќе бидат наменети за потребите на учениците и училиштето (набавка на нагледни средства и сл.).






четвртак, 18. децембар 2014.

Литературен конкурс на тема „Мојот јазик тоа сум јас“

             Фондацијата „Никола Кљусев“  во соработка со Министерството за култура распиша литературен конкурс на тема „Мојот јазик тоа сум јас“ кој траеше до 15 октомври. На конкурсот учествуваа ученици од средните и основните училишта во Македонија. Сите испратени творби беа објавени во збирка со наслов „Мојот јазик тоа сум јас“, а беа наградени само 10 ученика и тоа 5 од основни училишта и 5 од средните училишта. Меѓу петте наградени ученици од основните училишта е и ученикот Никола Жежовски од нашето училиште со неговата менторка  Љуба Мишевска.



петак, 12. децембар 2014.

3D ЕКО БУС ВО СОРАБОТКА СО ПАКОМАК

       На 11.12 2014 година (четврток) учениците од одделенска настава од нашето училиште имаа можност да учествуваат во едукативна интерактивна презентација „Селектираме и рециклираме со Пакомак“.     

    Точно во 8.00 часот 3D ЕКОБУСОТ беше паркиран  во дворот на училиштето. Сите ученици од прво до петто одделение во неколку групи имаа можност да ја проследат интерактивната видео презентација и да учествуваат во едукативниот квиз.
   Учениците имаа можност да се запознаат со популарниот ТВ водител „Ивце-Пивце“ кој на мошне интересен  начин ги насочи учениците во ЕКО содржините. Се разговараше за тоа каква животна средина посакуваме да имаме и што треба да сториме за да имаме уште почиста животна средина. 
  Преку интересна видео приказна учениците се запознаа на кој начин да ги селектираат отпадоците кои потоа ќе бидат рециклирани и од нив ќе се добијат корисни производи. Видео-приказната беше проследена со помош на 3D очила што кај учениците предизвика воодушевување.
   На мошне интересен начин учениците научија отпадоците да ги селектираат според бојата: жолта боја - пластика и лименки, сина боја- хартија и зелена боја - стакло.
    Со помош на електронски далечински управувачи учениците имаа можност да учествуваат во едукативен натпреварувачки квиз со цел  развивање на повисока еколошка свест за зачувување на животната средина. Учениците играа, се натпреваруваа, учеа и навиваа.
     На крај секој ученик доби скромен подарок од Пакомак.
  За цело време на лицата на сите ученици можеше да се забележи воодушевување и задоволство.

четвртак, 04. децембар 2014.

Ден на дрвото - Есен 2014

              На 03.12. 2014 година  беше  одбележан Денот на дрвото со мото „ Ден на дрвото – Есен 2014 година“. Во нашето училиште беа организирани низа активности  и прилагодена  програма  во кои беа опфатени сите ученици од одделенска настава кои со своите креативни способности и развиена еколошка свест го збогатија одбележувањето на денот со своите прекрасни изработки. Со помош на своите наставнички учениците своите изработки ги изложија и презентираа. Како и секоја година така и оваа година овој ден на големо задоволство на учениците успешно беше реализиран и одбележан.

           Во  акцијата која се одвиваше во училишните простории  беа вклучени и голем број   ученици  од предметната настава кои заедно со своите наставници реализираа повеќе активности сè со цел издигање на еколошката свест и воспоставување на секојдневно еколошко живеење.
           Се твореа  литературни творби, изработки на паноа, еко изработки и др. на тема „Секоја ваша мисла е богатство за природата“.


50 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ


                          На 1. декември 2014г. во Драмскиот театар прославивме 50 години постоење и воспитно-образовна работа.
      Нашите ученици заедно со своите наставници настапија пред бројната публика (за која немаше доволно место во салата) составена од поранешни директори на нашето училиште, голем број пензионери порано вработени во училиштето, како и родители на ученици од нашето училиште и други гости.
      Голема чест за нас претставуваше и присуството на градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ и  претставникот на Абасадата на НР Кина во Р. Македонија, економскиот оветник Ју Џуџин.

        Директорот Даниела Костадинова им се заблагодари на сите вклучени во изградбата на новото најсовремено училишно здание, кое профункицонира оваа учебна година и кое настана како резултат на соработката помеѓу македонската Влада и НР Кина, како и преку постојаните заложби на општина Кисела Вода која беше важна карика во целиот овој процес.  За сево ова, таа им врачи благодарници на градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ и на претставникот на Абасадата на НР Кина во Р. Македонија, економскиот оветник Ју Џуџин.




       А, како изгледаше претставата можете да видите од следниве фотографии: