петак, 29. октобар 2010.

прием на првачињата во детската организација


Po povod priemot na prva~iwata vo Detskata organizacija i vo centralnoto i vo  podra~no u~ili[te vo nas. Pintija se odr`aa priredbi. Na ovoj sve~en ~in u~enicite od vtoro, treto, ~etvrto i petto(9) oddelenie osven [to u~estvuvaa vo priredbata crtaa, tvorea, igraa i peeja.
Prva~iwata kako ~lenovi na Detskata organizacija ]e se zapoznaat so svoiite  prava, kako [to se: pravoto da `iveat vo zdrava i ~ista sredina, da odat na u~ili[te i ovoj svet da go obojat vo rozovo so mnogu detski nasmevki, kako [to saka[e i na[iot ambasador na UNICEF To[e Proeski.

Dragi prva~iwa  vi posakuvame u~eweto da vi bide zabavno kako igra, poleka, no sigurno da se steknete so mudrost i znaewe za da ovoj svet vi bide poubavo i podobro mesto za  `iveewe!

уторак, 07. септембар 2010.

еве како изгледаше приемот на првачињата во нашето училиште

Оваа учебна година во нашето училиште се запишаа вкупно 94 првачиња кои беа распределени во 3 паралелки во централното и една паралелка во подрачното училиште.
Од нив во I а - 30, I б - 25, I в - 23 и во I г (Пинтија) - 16 ученика.

уторак, 06. јул 2010.

ова се едни од нашите најмлади ликовни творци


Довидување до следната учебна (2010/2011) година!!!!!!

Спортот во нашето училиште

Koga govorime za sportot vo moeto u~ili{te, prvo {to mi pa|a na pamet e proletniot kros. Toj se odr`uva tradicionalno sekoja godina po povod patroniot praznik na na{ata op{tina -"\ur|ovden" i vo nego u~evstvo zemaat nekolku  u~ili{ta od op{tinata, a  na{eto u~ili{te e vo uloga na doma}in. Trkite se odvivaat vo naselbata Dra~evo na ulicita "Ratko Mitrovi}".  Po~etokot na manifestacijata kako i proglasuvaweto na pobednicite e vo krugot na na{eto u~ili{te i kako i sekoja godina taka i ovaa istite gi odbele`aa i vidni pretstavnici od Op{tina "Kisela Voda". Na ovogodine{niot kros, pored na{eto u~ili{te u~estvo zedoa i u~ili{tata:"Kuzman [apkarev"-n. Dra~evo, "Kliment Ohridski"-s. Dra~evo i "Kuzman Josifovski Pitu"-n. Kisela Voda. Trkite se odr`aa na 500, 600, 700 i 800m i vo niv u~evstvuvaa 142 natprevaruva~a i natprevaruva~ki.
Vo disciplinata 500m. - u~eni~ki za petto i шesto oddеление  пrvoto mesto go osvoi Glorija Karovski, vtoroto ѝ pripadna na Marijana Avramovska, a tretoto го делеа Kristina Janevska i Sandra Ilievska.
Vo disciplinata na 600m. - u~enici za petto i шestto oddеление пrvoto mesto go osvoi Mateo Trenkovski, vtoroto Kristijan Arsovski, a tret beшe Dalиbor Gruevski.
Vo trkata na 700m. - u~eni~ki za sedmo i osmo oddеление prvoto mesto go osvoi Klaudija Dimitrovska, vtoroto Aleksandra Stoj~evska, а tretoto Martina Naumovska.
Vo disciplinata na 800m. - u~enici za sedmo i osmo oddеление  prvoto mesto go osvoi  Stefan Manojlovski, vtoroto Aleksandar Atanasovski koj u~i vo u~iliшteto Kliment Ohridski“, а tretoto Stefan Cvetanovski od u~iliшteto Kuzman Josifovski Pitu.
Osven ovaa manifestacija vo na{eto u~ili{te se organiziraat i fudbalski turniri. Prvo se natprevaruvaat  oddelenijata od na{eto u~ili{te, pa od najdobrite se sostavuva  ekipa koja ponatamu se natprevaruva so drugite u~ili{ta.
Za site ovie aktivnosti i  voop{to za razvivawe na sportskiot duh vo na{eto u~ili{te najgolema zasluga imaat nastavnicite po fizi~ko obrazovanie.

                                                                         Stojan~e Bonevski -VIII-v odd.

АКТИВНОСТИТЕ НА УЧИЛИШНИОТ ХОР И ОРКЕСТАР



Во низата активности кои перманентно се одвиваа во нашето училиште, значајно место завзема и работата на училишниот хор и оркестар.
Учесниците во хорот се грижливо одбрани по пат на аудиција но и реаудиција. Во него учествуваат ученици кои имаат слух, дарба, а покрај двете наведени особини и љубов да се биде дел од хорските активности за кои може да се зборува со нималку скромност.
Беа изведувани дела од светската класична хорска литература, дела адаптирани од македонски композитори на база на нашиот фолклор, па се до композиции кои имаат поп-карактер. На моменти, хорот се редуцираше, па во зависност од потребите на делата кои се изведуваа се трансформираше во пеачки состав. Хорот има учествувано неколкупати на Општински и Градски Смотри, со видливи резултати.        
Бројни се настапите  на патроните празници, хуманитарни концерти, детски фестивали и денови на општината. Во моментот хорот брои четириесеттина учесници  и  во план е реализација на нови оригинални или адаптирани  двогласни и трогласни композиции. Песната ,,Ова мало срце” која беше изведена од Петар Ѓуревски како солист, и училишниот хор, ги освои сите награди, вклучивајќи и Гранд-При, на интернационалниот фестивал ,,Сунчане мале скале” во Херцег Нови.
Училишниот оркестар е во видлив подем. Последното остварување е првото место како и на Општински така и на Градски Смотри. Има мешовит карактер ( мандолини, мандоли, гитари, блок флејти, флејта, кларинет, виолина, металофон, итн. ).
Оркестарот изведуваше дела од фолклорното поднебје, од светските класици, и популарни нумери, аранжирани според свирачката кондиција, но и самиот инструментален состав.
Хорот и оркестарот имавме можност да ги слушнеме и заедно во делото ,,Во природата” од Јохан Себастијан Бах, како и во рок баладата  ,,Биди до мене” изведена со два вокални солиста,  пеачка група и мини оркестар. Последното дело беше изведено и во утринска телевизиска емисија, се разбира, во живо.
Досегашните критики ни даваат за право за училишниот хор и оркестар да говориме со особено задоволство и гордост.
Никола Коларовски  VIII-б одд.

понедељак, 05. јул 2010.

за училишната библиотека

     Библиотеката е едно од најпосетените места во нашето училиште. Постои уште од отварањето на нашето училиште и со неа во почетокот раководеле одговорни наставници, а потоа библиотекар. Библиотеката отпрвин располагала со мал број книги, но постепено бројот се зголемувал и денес таа е една од најголемите училишни библиотеки во Македонија. Располага со повеќе од 22000 книги како и со обемен аудио и видео материјал. Секоја учебна година библиотеката се збогатува со многу нови книги (купени, подарени од страна на учениците, вработените или од различни донации). Покрај големиот број книги библиотеката располага и со аудио касети, ЦД-а и др. Во составот на активностите на библиотеката спаѓа и активното работење на библиотекарската секција која секоја година се обновува со нови членови. Библиотекарката и членовите од библиотекарската секција редовно го посетуваат Саемот на книгата, организираат литературни читања, изложби на книги и средби со најпознатите детски писатели и поети од Македонија. Библиотеката е прва библиотека со сопствен софтвер и е прва училишна библиотека-медијатека во Македонија. 
Јовановска Ема и Моника Антиќ  VIII-в одд

Секциите во нашето училиште


                             Во нашето училиште за учениците кои сакаат да ги прошират,

                        како и да ги применат стекнатите знаења по одредени предмети

                        организирани се повеќе ученички секции. Секциите имаат

                        часови еднаш до двапати седмично и на нив, во зависност од 

                        предметот, тие прават експерименти, набљудуваат, креираат,

                        творат, решаваат задачи,  и слично. Тие им помагаат на

                        учениците подобро да комуницираат, да се дружат, забавуваат, 

                        а притоа им овозможуваат и повеќе да научат. За жал некои од

                        ученичките секции не функционираат поради немање 

                        материјално-технички средства.