среда, 27. фебруар 2019.

Натпреварот по англиски јазик „HIPPO“

На 23. II 2019 година во просториите на ОУ „Љубен Лапе“ се одржа меѓународен натпревар по англиски јазик „Hippo, за учениците од IV до IX одделение. На него земаа учество 41 ученик  под менторство на предметните наставници Анета Макревска, Магдалена Бадарова, Маја Димеска и Александра Величковска.


Меѓуодделенски натпревар по МАТЕМАТИКА

      На 22.02.2019 год. во просториите на нашето училиште во организација на предметните наставници по математика и одделенските наставници од IV и V одд, се одржа меѓуодделенски училишен натпревар по математика на кој учествуваа учениците од IV  до  IX  одд. Задачите ги соствија и прегледаа наставничките: Ленче Танушевска, Виолета Павлеска и Марина Станоеска. На натпреварот учествуваа вкупно  107  ученика и тоа од:  IVодд.-24,  Vодд.-19,  VIодд.-18,  VIIодд.-18,  VIIIодд.-14 и од IXодд.-14 ученика.
         На натпреварот се освоени вкупно  31  награда  и  15  пофалници од кои во IVодд.-12 награди и 4 пофалници,  во Vодд.-3 награди и 5 пофалници,  во VIодд.-2 награди и 4 пофалници,  во VIIодд.-2 награди,  во VIIIодд.-8 награди  и во IXодд.-4 награди.
        Од  24 ученика од IV-а,б,в и г одд. кои учествуваа на натпреварот  освоени се две први награди, една втора награда, девет трети наградии и четири пофалници. Прва награда освоија учениците :  Марија Треневска и  Александар Стојчески 
        Од  19 ученика од V-а,б,в и г одд. кои учествуваа на натпреварот  освоени се три трети награди и пет пофалници .
       Од  18 ученика од VI-а,б,в и г одд. кои учествуваа на натпреварот  освоени се две трети награди и четири пофалници.
       Од  20 ученика од VII-а,б,в и г одд. кои учествуваа на натпреварот  освоени се една прва награда и една втора награда. Прва награда има освоено ученикот Никола Десковски од VII-б одд.
      Од  18 ученика од VIII- а,б,в,г и д одд. кои учествуваа на натпреварот  освоени се четири  втори награди, четири трети награди и две пофалници.  
      Од  15 ученика од IX-а,б,в и г одд. кои учествуваа на натпреварот  освоени се, две први  награди и две  трети награди. Први награди имаат освоено ученичките Мила Маркоска и Ева Карамановска од IX-б одд.

      Учениците кои имаат освоено најдобри резултати ќе учествуваат на Општинскиот натпревар по математика, кој ќе се одржи на 02.03.2019 год.


петак, 22. фебруар 2019.

21 Февруари - Светски ден на мајчиниот јазик

                  На 21 февруари 2019 година, општина Кисела Вода - СКОПЈЕ, по дванаесетти пат го одбележа Меѓународниот ден на мајчиниот јазик. По овој повод беше организиран литературен и ликовен конкурс на тема „Мајчиниот јазик - Сведок на нашето постоење“ на кој зеде учество и нашето училиште.
  На манифестацијата организирана во големата сала на Општината присуствуваа градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски, претседателот на Советот на Општината, Дарио Шимиќ и претставници од Секторот за образование, предучилишно воспитување, култура и спорт, а беше збогатена и со учениците од општинските училишта.
   На крајот на манифестацијата градоначалникот Филип Темелковски на учениците и нивните ментори кои учествуваа на литературниот и ликовниот конкурс им подели дипломи и благодарници.
   Од нашето училиште беа наградени:
-ученичката Мила Маркоска 9-б одд. и менторот Љуба Мишевска за освоено I место за литературна творба - II категорија;
-ученикот Андреј Јовановски 3-а одд. и менторите Весна Стевановска и Светлана Жежовска за освоено I место за ликовна творба - I категорија;
-ученичката Ивана Петреска 5-г одд. и менторот Даниела Костадинова за освоено III место за ликовна творба - I категорија;
-ученичката Ајла Хасиќ 8-б одд. и менторот Даниел Манасиев за освоено I место за ликовна творба - II категорија и
-ученичката Ева Андреска 9-а одд. и менторот Даниел Манасиев за освоено III место за ликовна творба - II категорија.



петак, 15. фебруар 2019.

УЧИЛИШНА ЗАЕДНИЦА



Во рамките на планираните активности на Ученичката заедница во февруари 2019 се реализираше состанок на кој се реализираа неколку активности. Во првиот дел од состанокот се презентираше училишниот весник „Секој нов ден“. Учениците имаа можност да го разгледаат весникот како во електронска  така и во печатена форма. Во вториот дел се реализираше работилница на тема „Авторитет“. Учениците имаа можност преку еден непосреден начин да научат „Што е авторитет?“, а сто така и да се запознаат и со начините на кристење на авторитетот при решавање на некои проблеми.

Активноста ја реализираа:Татјана Трпеска, Весна Рафеска и Адријана Кукоска


На состанокот на Училишната зедница (предметна настава) во февруари 2019 година се реализираше презентација на тема „Алкохолот и младите“ преку која се пренесоа пораки за штетното влијание на конзумирање на алкохолот.
Во вториот дел од состанокот исто како и во одделенска настава, се презентираше училишниот весник „Секој нов ден“ преку кој учениците имаа можност да ги разледаат сите содржини и фотографии. Весникот се изработува  неколку години по два броја годишно и истиот може да се проследи преку електорнси пат.
Од учениците се побараа идеии за одбележување на 1 Април – Денот на шегата, а учениците од девето одделение да размислуваат за прославата на полуматурската вечер.

Одговорни: Весна Рафеска и Валентина Јанкоска


„Winter football joys - ЗИМСКИ ФУДБАЛСКИ РАДОСТИ“

На 13. и 20. 02.2019 год. среда, учениците од  II и III одделение од нашето училиште беа поканети во ООУ„Круме Кепески“ од Кисела Вода каде што под водство на наставникот по ФЗО - Јовица Ефтовски одиграа фудбалски натпревар кој е дел од заедничкиот проект на ФФМ во соработка со ФУСМ наречен „Winter football joys -ЗИМСКИ ФУДБАЛСКИ РАДОСТИ“ .
 Во проектот  се вклучени 80 основни училишта од Република Македонија, а во кои  учествуваат повеќе од 2800 деца на возраст од 7 до 10 години.
На спортскиот настан покрај нашето ушилиште земаа учество и училишните екипи од ООУ„Климент Охридски“, ООУ„Партенија Зографски“и ООУ„Круме Кепески“.
Одговорни наставници: Јовица Ефтовски, Елена Стојановска, Мануела Маркоска и Весна Милановска


уторак, 5. фебруар 2019.

ПРОФЕСИОНАЛЕН РАЗВОЈ НА ОБРАЗОВНИОТ КАДАР


Со цел постигнување повисоки цели во воспитно-образовниот процес секоја учебна година  се планираат и реализираат обуки согласно акциониот план за професионален развој. Согласно акциониот план, а со цел подобрување на компетенцијата за Социјална и образовна инклузија  во јануари 2019 година беше реализирана еднодневна обука на тема „Педагошка комуникација“.
Обуката се реализираше во нашето училиште, а реализатор беше Здружение за професионална едукација, професионален развој и демократија КОНТИНУУМ –Битола. Обуката ја следеа дваесетина наставника, стручни соработници и директорот на училиштето. На обуката беа разработени следните теми:
        -Теориски основи на педагошката коминикација;
       -Интеракциско-комуникациски односи на учењето и поучувањето:
       -Знаци и значење на пеадгошката комуникација;
      -Ефективна вербална и невербална комуникација на учењето и поучувањето;
      -Модели на комуникација со семејството.

Цел на обуката е подобрување на комуникациските вештини во различни контексти и на сите нивоа во училишна средина.


Училишен натпревар по англиски јазик

На 30. 01. 2019 година во нашето училиште се одржа училишен натпревар по англиски јазик за учениците од V до IX одделение. Натпреварот беше организиран од страна на предметните наставници и ментори на учениците: Анета Макревска, Магдалена Бадарова,  Маја Димеска и Александра Величковска. Земаа учество 54 ученика од кои најдобрите  двајца ученици од секоја генерација продолжуваат на општинскиот натпревар кој ќе се одржи во март.
V одделение: Ивона Радеска Vг одд. прво место, Јана Стамкова Vг одд.  второ место
VI одделение: Леа Петрушевска VIа одд. прво место, Матеј Јаневски VIа одд. второ место
VII одделение: Леонтина КостовскаVIIг одд. прво место, Анастасија Манчевска VIIб одд.  второ место
VIII одделение: Никола Анчевска VIIIа одд. прво место, Ема Тутиќ VIIIа одд. второ место

IX одделение: Даниел Барбаров IXа одд. прво место, Ева Карамановска IXб одд. второ место




Проект „Да ти можеш“



На 12.02.2019 наставниците Мишевска Љуба и Стојановска Катерина беа на еднодневна обука на пилот проект „Да ти можеш“, во организација на Министерството за образование и култура. Обуката се одржа во основното училиште „Невена Георгиева-Дуња“ во Кисела Вода во која учествуваа сите основни училишта од Скопје. На предавањето беа презентирани седум лекции, кои истите требаше да ги пренесат одделенските раководители на 8-а, и 8-б одд, во соработка со одделенските наставници од 5-а, и 5-б одд. во своето матично училиште. Носители на проектната активност се обучените наставници, а наставниците од 5 одд. се само посредници (Маркоска Мануела и Маја Атанасовска). Проектните активности започнаа на 18.02.2019 год. на одделенските часови, лекциите се реализираа континуирано,  пропратно со одржување на три менторски средби меѓу паровите на ученици од 8-а - 5-а и 8-б - 5-б одд. Повозрасните ученици (ментори) им ги пренесуваа своите знаења на помалите ученици стекнати  на предавањето од својот одд. раководител. Интересот на учениците беше навистина голем  и интересен, имаше одлична соработка  на обострано задоволство. Проектната активност е веќе во својата завршна фаза.