Училиштето не е само зграда таа има срце и душа а тоа сме сите ние.
Ученици, наставници и сите во него.
Да ја оставиме тука нашата трага по која нас ќе не препознаат.
Сакаме нашето училиште да биде удобен дом за сите нови дечиња кои за прв пат токму
овде ќе го започнат своето образование.
Да ги отвориме тајните одаи во кои на магичен начин ќе запловиме во светот на знаењето,
светот на љубовта и светот на детските желби.
Она кога ученикот си го сака училиштето ви кое завршил основно образование е токму
ова.
Нашите ученици Евгениј Димов со завршено високо образование на отсекот Графички
дизајн при факултетот за ликовна уметност, како и ученикот Виктор Аголи со завршено
високо образование на Земјоделскиот факултет отсек цвеќарство, ставија свој белег за
своето матично училиште.
Гордост и чест е да се биде член на семејството ООУ Рајко Жинзифов.
Благодариме за вашата желба и труд.
Нема коментара:
Постави коментар