четвртак, 12. јун 2025.

Завршен процес на професионална ориентација на учениците

Завршен процес на професионална ориентација на учениците


Процесот на професионална ориентација во нашето училиште се спроведува

согласно Програмата за професионална ориентација во текот на учебната година и трае

скоро цела учебна година. Во овој процес опфатени се учениците од девето и осмо

одделение. Во процесот на професионална ориентација вклучени се училишниот психолог

и педагог и раководители на пралелките од девето одделение, а по потреба се вклучува и

специјалален едукатор и рехабилитатор.

Првично, училишниот психолог спроведува тестови во врска со проценка на

афинитети, склоности, интереси и способности на учениците, како и различни анкети.

Училишниот педагог реализира презентација на тема поврзани со професионална

ориентација, со цел учениците да ги добијат потребните информации за достапни средни

училишта. Стручните соработници, училишниот педагог и психолог, како и класните

раководители во текот на годината реализираат работилници на теми повразни со

различни занимања.

На крајот на самиот процес училишниот психолог врз основа на горепосочените

активности и резултати од истите, дава препорака на учениците (од девето одделение) за

упис во средни училишта.

Во месец мај во учебната 2024/2025 година представници од средните училишта го

посетија нашето училиште и одржаа презентации на учениците од IX одделение.


психолог Бранка Бранковиќ

педагог Весна Рафеска

Нема коментара:

Постави коментар