уторак, 10. март 2020.

Во посета на касарната „Илинден“



На  9 март 2020 год. 11 ученички од деветтите одделенија од нашето училиште беа во посета на касарната Илинден по повод присуството на жената во армијата.
Таму ни беа прикажани некои од секојдневните активности и задачи кои ги имаат припадничките од понежниот пол во армијата.


петак, 06. март 2020.

СОРАБОТКА СО РОДИТЕЛИ - „Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“



            Согласно  планот за реализација на проектот „Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“  се реализираше еко активност „Еко ден“. Во соработка со модната дизајнерка Ивана Кнез во III-а одд.  се одржа  EKO работилница по повод Денот на мајките 8 Март.  Се изработија  саксии од пластични шишиња во кои беа засадени семки од ароматични растенија босилек и жалфија. Целиот процес беше објаснет на учениците и тие самостојно ги засадија семките. Откако се засадија семките учениците продолжија да ги украсуваат своите саксии со еколошки материјал. Учениците имаа можност креативно да се изразат, но и преку целиот процес непосредно да ја подигнуваат еколошката свест на повисоко ниво. Задоволството и интересот  на учениците се гледаше од нивните ведри и насмеани лица. Голема благодарност од  III одд. и одделенскиот наставник Билјана Илиева до Ивана Кнез.
                                                                               Одделенски наставник:  Билјана Илиева


среда, 04. март 2020.

21 Февруари - Ден на мајчиниот јазик



По повод  Денот на мајчиниот јазик 21 Февруари, општина Кисела Вода организираше литературен конкурс на кој уленчката Емељ Чико од 9-б одд. беше повикана да ја интерпретира својата творба која беше одбрана како најдобра. По тој повод на ученичката и беше врачена благодарница. Свеченоста беше одржана во големата сала во општината Кисела Вода. Ученичката работеше под менторство на наставничката Мишевска Љуба.