Традиционално секоја година на иницијатива на издавачката куќа Арс Ламина се
распишува отворен конкурс „Читањето е супермоќ“ кој оваа година траеше од 2
април до 2 јуни 2025 год. На конкурсот право на учество имаа сите ученици од
прво до деветто одделение ,како и деца од предучилишна возраст. За најдобрите
творби одлучува стручно жири. Учениците од 3д одд. од нашето училиште
учествуваа на овој конкурс , а ученици кои се здобија со пофалници за
литературните творби како и со по еден подарок книга се : Дамјан Коцевски и Хана
Илиеска.
Ова беше прекрасно искуство кое ги поттикна да ги засакаат уште повеќе
читањето и книгата.
Одговорен наставник Елена Стојановска
Нема коментара:
Постави коментар