понедељак, 20. август 2018.

ДОБРО НИ ДОЈДОВТЕ ПРВАЧИЊА!!!


ЕСТЕТСКОТО  УРЕДУВАЊЕ
 НА ХОЛОТ ОД УЧИЛИШТЕТО ПО ПОВОД ПРИЕМОТ НА
ПРВАЧИЊА ЗА УЧЕБНАТА 2018/19 ГОД.

          Тимот  кој се грижи за естеското  уредување, прво избра мото ,,И јас сакам да бидам ѕвезда“ и  го  осмисли уредувањето на холот од училиштето. Наставниците заедно со учениците се погрижија да  изработат декоративни рамки за слики на три јазика: македонски, англиски и француски јазик. Се направи избор на  соодветни слики според мотото и други соодветни апликации. Мотото се облагороди и со соодветни автентични пораки за различна возраст кои се однесуваат на книгата и читањето.      
Изработиле:
Мануела Маркоска
Виолета Николин
Горица Станковска
Цветанка Гајдовска
Наташа Петковска


ПРИЕМ НА
ПРВАЧИЊА ЗА УЧЕБНАТА 2018/19 ГОД.




И оваа година  како  и изминатите ја запазивме традицијата во нашето училиште што со години наназад се реализира за Приемот на првачиња.

Таа привилегија секогаш им припаѓа на второоделенците кои неуморно со своите наставнички подготвуваат приредба за новите другарчиња.


Покрај обраќањето на директорката оваа година учениците учествуваа со  рециталите „Училиште мило“, „Со децата поубав е светот“, „Среќен почеток“ како и со  ритмичките игри „Пинк пантер“, „Dreamer“, „Азбучен буквар“ и химната на училиштето„Рајко Жинзифов“. Приредбата беше снимена од страна на МРТВ.
            Одговорен наставник: Елена Стојановска


Срдечно добредојде на нашите првачиња од подрачното училиште „Рајко Жинзифов“ од населба Пинтија им посакаа другарчињата од второ до шесто одд. со пригодна приредба. Со прекрасни кореографии им покажаа на првачињата како се учи веселата азбука, какви се разиграните бројки, како се свири на инструменти, колку е лесно да си прваче и да ја пееш химната на нашето училиште. Упатија и порака до сите нас „Нема ништо посилно од љубовта“.

Првачињата ги поздрави директорот на училиштето, Елизабета Славковска и им подели пригодни подароци. Во весело расположение сите првачиња со нивните родители заминаа во својата училница да се запознаат со нивната наставничка Кристина Никчевска.
                       Одговорен наставник: Даниела Костадинова