среда, 1. јул 2020.

ПРОФЕСИОНАЛЕН РАЗВОЈ НА НАСТАВНИЦИТЕ И СТРУЧНИТЕ СОРАБОТНИЦИ



    


  Во текот на второто полугодие од учебната година  2019/20  год. од страна  на здружението  за дислексија  Ајнштајн  беше понуден  online курс насловен  „Дислексија основи, препознавање и подршка“ во времетраење од 16 часа. Проектот е подржан од страна на Владата на Република Северна Македонија.  Курсот беше достапен во периодот од февруари до април 2020 год, и содржеше 4 модули и тестови за проверка. Од нашето училиште 35 одделенски, предметни наставници и стручни соработници го следеаа и успешно го завршија курсот за што се здобија со Сертификати.

Стручни соработници


Доделени благодарници од општина Кисела Вода



Во периодот додека се одвиваше наставата онлајн, поради настаната состојба со пандемијата, Министерството за образование организира низа проекти во кои беа вклучени голем број на наставници од основните и средните училишта. Еден од тие проекти беше и ТВ-училница. Во таа образовна емисија од нашето училиште се вклучија предметниот наставник по биологија Сандра Трпчевска и одделенскиот наставник Ирена Ѓоршевска. По повод 65 роденден на општина Кисела Вода, на 29.06.2020 (понеделник) општина Кисела Вода додели благодарници на наставниците Ирена Ѓоршевска и Сандра Трпчевска, за нивниот придонес во ТВ-училница за време на вонредни ковид - услови во образованието.


Ученици на генерацијата



На 13.06.2020 година  класните раководители  ги поделија свидетелствата на учениците  од  деветто  одделение. Истовремено  на учениците со континуиран одличен успех им беа поделени пофалници со голема благодарност за нивните  залагања и постигнувања во рамките на училиштето и надвор од него.
Тоа беа следните ученици: Јана Велкоска, Ива Тасевска 9-а, Емељ Чико и Јана Костадиновска од 9-б, Јована Николовска и Катерина Павловска од 9-в, и Ивановска Надица, Здравевска Ангела, Јаковлевска Горјана и Ангеловска Матеа од 9-г одд.
Бевме почестени од присуството на директорката која со огромно задоволство им ги врачи дипломите и пригодните подароци (звучници) на избраните ученици на генерација:  Емељ Чико 9-б, Марко Стефковски 9-а, и Јована Николовска од 9-в одд.
По повод  65 годишнината од работата на општината на 29.06.2020 на сите  првенци  од  основните училишта на општина Кисела Вода градоначалникот им додели пригодни подароци.
                                                                       Одговорен наставник: Мишевска Љуба