уторак, 24. октобар 2017.

ОКТОМВРИ - МЕСЕЦОТ НА ШТЕДЕЊЕТО

        На 19.10.2017 година во нашето училиште по иницијатаива на НЛБ Банка се реализираше посета  по повод месецот на штедење.
            Посетата се реализираше во четвртите одделенија со едукативен говор од страна на вработениот од банката на тема „Штедиме и истражуваме“ и  при тоа сите ученици добија скромни подароци. Учениците имаа можност да научат нешто повеќе за штедењето и истражувањето, а потоа цртаа цртеж на истата тема, при што можеше да се забележи голема креативност. Цртежите од учениците ќе учествуваат во големата изложба на крајот од месецот што ја организира НЛБ Банка, а најдобрите цртежи ќе бидат наградени.
            Целта на посетата е децата да се едуцираат за добрите навики, штедење и откривање на нови нешта преку правење на научни експерименти, набљудувања и учење.
            На крајот од посетата учениците искажаа задоволство и упатија голема  благодарност до вработениот на НЛБ Банка.

Училишен педагог
Весна Рафеска





ЕДНОДНЕВЕН ИЗЛЕТ

        На 18.10.2017г.(среда) се одржа еднодневен излет близу областа Дељадровци од спортско рекреативен карактер. Излетот започна со собир на одделенијата и нивните класни раководители во дворот на училиштето во 08.30 часот. Во еднодневниот излет учествуваа 380 ученика и 25 настаника. Откако се направи контрола на пристуните ученици, сите заедно се упатија кон автобусите кои беа сместени близу училиштето. Во 09.00 часот сите автобуси се упатија кон областа во која што беше предвидено да се извши еднодневниот излет. Во 09.30 сите автобуси пристигнаа во областа Дељадровци и започна реализирањето на еднодневниот излет. Местото во кое што се изврши еднодневниот излет се карактеризира со голема пространа пољана и два верски објекти во непосредна близина.

Еднодневниот излет завшри во 13.00 часот кога учениците почнаа ги пакуваат своите работи и да го собираат отпадот кој што го направиле во текот на денот. Во 13.30 сите автобуси се упатија кон училиштето, а со тоа завшри и еднодневниот излет. Во 14.00 автобусите пристигнаа во училиштетот. Еднодневниот излет се одвиваше по план, а во текот на денот не беа регистрирани никакви недоразбирање или инциденти. Излетот се одвиваше во најдобар ред и дисциплина.
Раководител на екскурзијата : Томислав Гиевски



Семинар: „Пристап до генерација Z и генерација ALPHA“

Дефектологот на училиштето - Адријана Кукоска учествуваше на едукативен семинар „Пристап до генерација Z и генерација ALPHA“ кој се одржа на 14.10.2017 година со почеток во 10 часот во просториите на Филозофски факултет – Скопје. Семинарот беше организиран од страна на Здружението за дислексија „Ајнштајн“ од Скопје во соработка со Здружението за умствен развој на деца Brain Genius од Куманово.
На овој едукативен семинар беа претставени применливи алатки кои можат да се применуваат во секојдневната пракса.
Свои предавања на семинарот имаа истакнати имиња од повеќе области и тоа:
-Д-р. Виолета Несторов, доктор по дефектолошки науки–Белград, Р.Србија
• Тема: Непрепознаена дислексија и дисграфија како можни причини за слаб успех во училиште.
          -Д-р. Стеван Несторов доктор по дефектолошки науки – Белград, Р.Србија
• Тема: Поддршка на децата со аутизам во образовниот систем - искуства од Шведска и Финска.
          -Проф. Д-р. Орхидеја Шурбановска – Институт за психологија при Универзитет Св. Кирил и Методиј
• Тема: Како да ја зголемите мотивацијата за учење кај учениците .
         -Наде Молеровиќ, мотивациски говорник и професор по историја, директор на ООУ Гоце Делчев“- Скопје
• Тема: Образованието е моќ да се вреднува животот.
        -Проф. Д-р. Виолета Арнаудова – Институт за психологија при Универзитет Св. Кирил и Методиј
• Тема: Како да ја зголемите креативноста кај учениците.
        На крајот на семинарот беа доделени Сертификати за учество на сите присутни учесници.

                                                                                                   Дефектолог: Адријана Кукоска

четвртак, 19. октобар 2017.

=МЕСЕЦ НА КНИГАТА=

      Во рамките на одбележување на Месецот на книгата 2017, беше изготвен информативно-едукативен печатен материјал кој беше поделен во секоја паралелка од 3-то до 9-то одделение.
   Темата на материјалот беше ШТО Е КНИГА?. Од него учениците имаа можност да се запознаат со поимот книга (што се подразбира под тој поим) како и со развојот на книгата низ историјата.

                                                         ШТО  Е  КНИГА?

Книга е збир на пишани, печатени, илустрирани или празни страници, изработени од хартија, пергамент или друг вид на материјал, обично прицврстени заедно од едната страна.
Секоја страна на лист од книгата се нарекува страница. Книга направена во електронска форма е позната како електронска книга или скратено е-книга.
Книгите исто така се однесуваат и на литературни творби. Во библиотеките постои разлика меѓу периодичните часописи, магазини или весници и книгите. Една книга може да се подели во неколку тома или секции, и тогаш секоја од нив се нарекува исто така книга, но содржи и број, на пример прва книга, втора книга, итн. Вљубеникот во читање книги се нарекува библиофил.
Местото каде се купуваат и се продаваат книгите се нарекува книжарница, а местото од каде што се позајмуваат книгите се нарекува библиотека.
Во 2010 година Гугл проценил дека постојат околу 130 милиони наслови на книги во светот.

                                                            Антика
Кога е измислено пишувањето во древните цивилизации, било користено речиси сè што може да служи како подлога за пишување: камен, глинена плоча, кора од дрво и друго. Користење на азбука се појавува во Египет пред околу 5000 години. Во тоа време најчесто се пишувало на папирус, растение кое расте покрај реката Нил. На почеток зборовите биле слеани еден до друг (scriptura continua) и не постоеле интерпункциски знаци. Текстовите се запишувале од десно кон лево, од лево кон десно, а најчесто наизменично и во двата правца

                                                      Свиток 
Папирусот се користел за пишување во древен Египет, најверојатно уште во текот на првата династија, но првите зачувани докази датираат од времето на петтата династија (околу 2400 п.н.е.). Листовите од папирус биле залепени заедно во форма на свиток. Се користела и кора од липа.
Според ХеродотФеникијците ги донесле пишувањето и папирусот во Грција околу десетиот или деветиот век пред нашата ера. Грчкиот збор за папирусот како за материјал на кој се пишува бил библион (biblion) а за книга библос (biblos), а доаѓал од феникискиот град-пристаниште Библос (Byblos), од каде се извезувал папирусот за Грција.[4] Од грчкиот јазик исто така доаѓа и зборот том (грчкиτόμος), или на латински јазик томус (Tomus), со значење посебна книга која е дел од целината на повеќе книги.
Свитоците биле често користена форма за книги во хеленската, латинската, кинеската и еврејската култура. За време на Римската империја е развиен нов формат на составување на книгите, познат како кодекс

                                                      Кодекс
Свитоците од папирус биле користени и во првиот век од нашата ера, за што сведочат пронајдоците од Помпеја. Првата книга направена во форма на кодекс е од крајот на првиот век. Но, кодексот не се здобил со голема популарност во тоа време. Постепено бил прифаќан поради неколку економични причини.
Форматот кодекс се восочни таблички на кои можело да се пишува, понекогаш дрвени таблички натопени во восок. Тие биле полесни за носење, за ракување и за криење, но исто така ја имале предноста на бришење на напишаното со тоа што восокот можел да се истопи и повторно од него да се направи восочна табличка за пишување. Ова било значаен фактор за употреба на овој формат во школите како и при водење белешки.
Во 5 век, Исидор од Севилја во својата книга Етимологија (Etymologiae, VI.13) ја објаснува врската меѓу кодекс, книга и свиток: „Кодексот е составен од многу книги, а книга е еден свиток.“

Среден век

После падот на Римското Царство во 5 век, станало тешко да се набави папирус, заради намалените контакти со Египет, па така пергаментот станал главен материјал на кој се пишувал. Во тоа време манастирите ја продолжиле традиција на пишување, односно препишување на текстови. Пред појавата на печатарските машини, сите книги биле препишувани рачно, што ги правело книгите да бидат скапи, но и во многу мал тираж. До 9 век, поголемите колекции на книги броеле околу 500 книги, а кон крајот на средниот век библиотеката на папата во Авињон како и библиотеката во Париз на  Сорбона  содржеле само околу две илјади наслови.   
Местото во манастирите каде се препишувале книгите e наречено скрипториум (scriptorium). Било забрането користење на вештачко осветлување од страв да не се запалат ракописите. Учесниците во препишувањето ја делеле работата на петмина:
·       Калиографи (Calligraphers), кои ја завршувале крајната копија
·       Кописти (Copyists), кои препишувале
·       Коректори (Correctors), кои ја споредувале книгата со ракописот од кој била препишана
·       Илуминатори (Illuminators), кои ги цртале сликите, илустрациите
·       Рубрикатори (Rubricators), кои ги боеле црвените букви
Процесот на правење на книга бил долг и макотрпен. Најпрвин се подготвувал пергаментот, потоа се подготвувале страниците, па се препишувал текстот. Препишувачот оставал празни места за илустрациите и за големите црвени букви со кои започнувале поглавјата. На крајот книгата се поврзувала. Биле користени неколку видови на мастило. Текстот бил пишуван во темно кафеава или црна боја, а се користела црвената и златната боја за украсување на текстот. За илустрациите понекогаш се користеле повеќе бои. Понекогаш пергаментот се обојувал во темно виолетова боја, а текстот бил пишуван со сребрена или златна боја.
Ирските монаси први започнале со оставање празно место меѓу зборовите во седмиот век, но ова не било прифатено како општа употреба сè до 12 век.
Кориците на книгите биле правени од дрво, пресвлечени со кожа. Бидејќи пергаментот има тенденција да се врати во формата која ја имал пред оформувањето во книга, односно страниците се виткале по некое време, на кориците имало игли за стегнување на листовите.

                                      Книги од хартија


први кои произвеле книга од хартија, откако го научиле правењето на хартијата од Кинезите во 8 век. Книгите кои ги правеле тие, биле сошиени со свила и корица од кожа. Бидејќи хартијата е поотпорна на влага, не биле потребни прицврстувачи. Производството на книги станало вистинска индустрија, а во градовите имало улици со книжарници, како на пример во Маракеш, каде само во една улица имало повеќе од 100 книжарници во 12 век. Познатата џамија Кутубија е наречена така поради нејзината местоположба на оваа улица. Според зборовите на Дон Бејкер:
Светот на Исламот ги произвел најубавите книги направени било кога. Потребата од пишување на Откровенијата кои пророкот Мухамед ги примил, ја предизвикувала и желбата да се разубави книгата која ги содржи тие зборови. Освен можеби во Кина, само во исламскиот свет кон производството на книга се пристапувало со почит. Биле ставани прекрасни илустрации со златни и живи бои, и убави корици.
Исламскиот свет во средниот век исто така развил посебна техника за репродукција на копии од книги во големи тиражи, за разлика од ракописите кои во тоа време се правеле во другите земји, каде рачно се препишувала една книга во една копија. Со тој систем, произведувале десетици или повеќе копии со едно „читање“, а со две или повеќе „читања“, лесно се доаѓало до бројката од сто копии.
Денешните книги се печатат на хартија која е специјално изработена за производство на печатени книги. По традиција, хартијата е бела за да може лесно да се чита, и е непроѕирна за да не се гледа текстот отпечатен од другата страница. Хартијата е исто така со одредена тежина. Најчесто се користи 80 грамската хартија (80 g/m²), но сепак се користат различни видови на хартија за различни намени на книгата која се печати.

                                                                 Никола Станковиќ - училишен библиотекар

понедељак, 09. октобар 2017.

СВЕЧЕНА ПРИРЕДБА ПО ПОВОД ПРИЕМОТ НА ПРВАЧИЊАТА ВО ДЕТСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА


       Во склоп со активностите по повод Детската недела кои траеја од 02.10.2017 - 06.10.2017 година, во нашето училиште на 06.10.2017 година, беше реализирана свечена приредба за првачињата. На приредбата беа присутни сите дечиња од прво одделение заедно со нивните одделенски наставници. Преку поделба на мали флаерчиња на кои беше мотото на Детската недела и сценариото на приредбата, истата започна.
-Поздравно обраќање до присутните
 -Настап на двајца ученици со рецитирање на стихотворби за Другарство
 -Настап на  ученици со ритмичка игра „Журка“ - Златно славејче2016
-Ученици со стихотворби- Есен,  Ешко оди бос,   Рипчиња
-Пеење на песната „Ние децата“– Златно славејче 2016
-Читање на Свечената заклетва и врачување на пасошите за членови во нашата училишна заедница (Детската организација)
 Учесници во приредбата беа учениците од    IIIa ,    IIIб,   IIIв ,    IVа,   Vб, одделение.
Приредбата помина во најдобра ред и сите ученици - учесници беа задоволни од својот настап.
Одговорен наставник Татјана Трпескa


четвртак, 05. октобар 2017.

5 Октомври – Светски ден на учителот

Да се биде учител е благородна,  хумана, но истовремено и одговорна задача. Вистинската  вредност на учителот не се одредува од тоа колку знае, ниту пак од неговата способност да го пренесе она што го знае,  туку од способноста да ја стимулира желбата кај другите да знаат.

          По повод 5-ти Октомври – Светскиот ден на учителот, училиштето „Рајко Жинзифов“,  како и секоја година, организираше литературно читање, на кое учениците се претставија  со свои лични поетски и прозни творби посветени на наставниците.  Учениците имаа можност своите творби да ги напишат на мајчиниот јазик на кој што зборуваат, така се слушнаа јазиците на националностите: турски, бошњачки, грчки, ромски.


На тој начин, не само што им одадоа почит и значење  на наставниците и го одбележаа овој значаен датум, туку го развиваа и негуваа својот креативен и творечки дух. Дел од творбите беа прочитани пред наставниците, а останатите ученици имаа можност да се претстават  на часот посветен на литературно читање.
          Најмалите ученици од прво до трето одделение  ликовно се изразуваа на тема  „Мојата учителка“.