Учество во проектот „Психолошко тестирање на личностите димензии и
емоционалната интелигенија на учениците во основните училишта цел градење на
ментална отпорност (резилиентност)
ООУ „Рајко Жинзифов“ зема учество во проектот во подготвителна фаза
(февруари—јуни 2025 година) реализиран од Македонска Асоцијација за применета
психологија Симболикум во соработка со Општина Кисела Вода.
Целта на овој проект е ран скрининг на учениците во основните училишта во однос
на нивното ментално здравје. Целта на проектот може да се постигне преку:
· Развивање на компетенции на училишните психолози за примена на
стандардизирани психолошки тестови
· Развивање на капацитетите на психолозите за креирање програми за зајакнување на
менталната резилиентност на децата
Обуката се реализираше преку континуирани средби на кои присуствуваше
училишниот психолог Бранка Бранковиќ. Постигнување на целите е можно преку
континуирана работа и соработка на училишните психолози со сите чинители во
воспитно-образовниот процес.
Конкретни придобивки од проектот:
· рано препознавање на проблематично однесување
· превенција на проблематично однесување
· заштита на менталното здравје на учениците
· продуцирање едукативни материјали
· континуирано подобрување на тестовите и нивната прогностичка вредност
· размена на добри практики меѓу психолозите
· усовршување на училишните психолози во примената на психолошките тестови
· градење на основа за работата со родителите/старателите
· научни и стручни дебати, симпозиуми, конференции
психолог Бранка Бранковиќ
Нема коментара:
Постави коментар