Учениците од III а, III б и III в на часовите по Општество ја проучуваа и истражуваа Македонија, нашата Татковина и сите нејзини природни убавини, туристичките места, историските наоѓалишта, градовите.
Учениците со задоволство и љубопитност се запознаваа со татковината слушајќи ги своите наставнички, гледајќи видеа од интернет, следејќи наставните насоки на картата на Македонија и запишувајќи ги во неми карти истражените места. На крајот од темата сите оделенија вредно и на свој начин направија презентација на наученото. Учениците од III a наученото го преставија на хамер, учениците од III б проектни задачи, а учениците од III в имаа улога на туристучки водичи и направија брошури, за да привлечат што повеќе туристи и да ги запознаат другарчињата со специфичностите, културата и убавините на нашата татковина.
Одговорни наставници:
IIIа - Билјана Стефковска, IIIб - Софија Лукровска, IIIв - Кети Сталеска
Нема коментара:
Постави коментар