Секое дете сака во училиште да оди, да учи секој ден по едно ново нешто, да другарува, да спортува, да танцува, да пее и да се смее. Но, понекогаш се јавува мала несигурност бидејќи дропките прават сопки, бројките се чудни сплетки. Учи, учи, глава бучи. Како ли да се надмине тој ученички јаз, да се создаде ученик/човек вреден и со стас.
Хм! На оваа тема учениците од IIIв многу размислуваа. Тие заедно со нивната наставничка Кети Сталеска мотивирани од нивните секојдневни искуства напишаа драмска претстава и неуморно во месецот мај ја подготвуваа. На крајот од учебната година со задоволство на другарчињата од останатите одделенија им ја претставија.
За подобар ученички шмек се танцуваше на песничката ,,Часовник" од Златно славејче.
Одделенски наставник: Кети Сталеска
Нема коментара:
Постави коментар