среда, 11. јун 2025.

ПРОЕКТ „УЧИЛИШТЕ БЕЗ НАСИЛСТВО“

Во текот на второто полугодие во учебната 2024/2025 година стручните соработници училишниот педагог Весна Рафеска и психолог Бранка Бранковиќ реализираа работилници на теми поврзани со врсничко насилство. Во јануари и февруари реализирани се работилници на тема: „Лутина и агресивност“, „Наилство – поим и видови“, „Стереотипи и предрасуди“, „Насилно однесување“ и „Насилство – Стоп!“. Во овие работилници учествуваа вкупно 87 ученици од II,V,VIII и IX одделение. 

Во месец март реализирани се работилници на тема: „Разрешување на конфликти“, „Лутина и агресивност“ и „Насилство – поим и Видови“ со учениците од II, IV, VI, VII и VIII. Во овие работилници учествуваа вкупно 114 ученика.

Работилници на теми поврзани со насилство „Другарство – социограм“ и „Разрешување на конфликти“ одржани се во април со учениците од II и VI, учество земаа 28 ученици, додека во мај и јуни реализирани се работилници на теми: „Моите негативни чувства“, „Сајбер насилство“ , „Ученик насилник“и „А што сега? Стилови на решавање конфликти“ со 70 ученици од V, VII и VIII одделение.

Во рамки на проектот „Училиште без насилство“ направено е акциско истражување од страна на училишниот психолог Бранка Бранковиќ. Во тестирањето на учениците земаа учество и класните раководители од VI до IX одделение.

Проблемот со врсничкото насилство, познато како булинг, е широко распространет меѓу младите. Поради тоа, неопходно е да се почне со подигнување на јавната свест за тежината на овој проблем и последиците што врсничкото насилството ги остава врз кревката детска психа. 

Целта на овие работилници е да се препознаат карактеристики на насилство, насилникот и жртвата, да се унапредат односите и комуникацијата помеѓу учениците, да се зајакнаат знаењето и вештините на учениците за конструктивно решавање на конфликти, како и да се развие способност да се идентификува изворот на конфликтот.


психолог Бранка Бранковиќ 

педагог Весна Рафеска



Нема коментара:

Постави коментар