петак, 29. децембар 2017.

СРЕЌНИ НОВОГОДИШНИ И БОЖИЌНИ ПРАЗНИЦИ !!!




Едукативно интерактивно дружење со Дедо Мраз


Последниот ден од првото полугодие во соработка со родителите во II-в одд. се одржа едукативно интерактивно дружење со Дедо Мраз - маскираниот родител Ернест Пасалиќ. Радоста кај децата беше огромна и со песна му посакаа топло добредојде на Дедо Мраз. Тој одлично соработуваше со дечињата раскажувајќи им за далечното патување од Лапонија. Низ игри и песни се одржа и лотарија при што Дедо Мраз интерактивно едукативно соработуваше со децата, а тие непосредно учеа преку игра. На крајот низ игра и песна децата заедно со родителите го испратија Дедо Мраз ветувајќи дека и во идната година ќе бидат исполнителни, одгововрни и се надеваат дека   ќе имаат повеќе вакви средби.




Училишен натпревар по англиски јазик

На 6.XII 2017 година во нашето училиште се одржа училишен натпревар по англиски јазик за учениците од V до IX одделение. Натпреварот беше организиран од страна на предметните наставници и ментори на учениците: Анета Макревска, Магдалена Бадарова и Маја Димеска. Земаа учество 60 ученици од кои најдобрите  двајца ученици од секоја генерација продолжуваат на општинскиот натпревар кој ќе се одржи во март.





Натпревар по англиски јазик во Yahya Kemal College


На 16. XII 2017 година во организација на Yahya Kemal College од Скопје, се одржа натпревар по англиски јазик за учениците од IX одделение. Земаа учество 8 ученици под менторство на предметниот наставник Анета Макревска.


НАБАВКА НА СТРУЧНА ЛИТЕРАТУРА

            Во текот на првото полугодие се изврши набавка на стручна литература и дидактички материјали:
-         Практикум по македонски јазик на изразување 1
-         Практикум по македонски јазик на изразување 2
-       Математика за 4, 5, 6, 7, 8, 9 одд. – Збирка задачи со тестови и активности
-         Изведување на одделенска настава
-   Прирачници по математика за ученици од 4,5 и 6 одд, нивните наставници и родители ( БРО)
-         Книга,,Кој има право да се храни здраво“
-         Книга,,Играв јас, сега играј и ти“
-          Бон- тон за деца


четвртак, 07. децембар 2017.

МЕЃУОДДЕЛЕНСКИ КВИЗ–НАТРЕВАР ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ЗА ЧЕТВРТО ОДДЕЛЕНИЕ

Согласно Годишното планирање за оваа учебна година 2017/2018год беше реализиран меѓуодделенски Квиз-натпревар по македонски јазик, на тема ,,Лични заменки“.  Квиз-натпреварот се реализираше помеѓу учениците од четвртите одделенија IV-а, IV-б  и IV-в одд.
Секое одделение го претставуваа по пет ученика, а од нашето IV–б одд. претставници беа: Сара Ибровиќ, Марко Маркоски, Тарик Нумановиќ, Милена Крстевска и Амина Омеровиќ.
 Правилата за   натпреварот  беа следни: секоја група од одделението влечеше по едно прашање и истиот даваше одговор, а за секој точен одговор добиваа по еден поен-ѕвездичка.
По три круга прашања се доби и победникот. Односно со освоени 10 ѕвездички победи IV–в одд, со освоено второ место и 9 ѕвездички IV–б одд.  и на трето место со освоени 4 ѕвездички беше  IV–а одд.


Актив четврто одделение: Мануела Маркоска, Билјана Христовска, Весна Милановска, Цветанка Гајдовска


3 Декември - Меѓународниот ден на лицата со инвалидност

           По повод 3 Декември - Меѓународниот ден на лицата со инвалидност  училишниот дефектолог одржа  ликовна работилница на тема „ЕДНАКВОСТ ЗА СИТЕ“ со учениците од IX-в одделение.
  За време на работилницата се разговараше за прифаќање на различностите помеѓу луѓето. Учениците додека  активно твореа  се вклучија во дискусија и при тоа со свои кометари ја истакнаа потребата од  елиминирање на сите разлики помеѓу луѓето.

Дефектолог: Адријана Кукоска