уторак, 11. јун 2019.

Учество на научно-едукативен настан „Изложба и работилници за урбаниот биодиверзитет“



           На 10.06.2019 год. учениците од 2-б одд. со своите наставнички реализираа забавен и впечатлив крај на училишната година во Градскиот парк во Скопје.
          Заедно со основци од неколку училишта од градот играа интерактивни игри за ботаника и зоологија на без’рбетни животни - составуваа сложувалки, пронаоѓаа скриени животни, истражуваа со лупа, гледаа под микроскоп, учествуваа во квиз и на крај  ја погледнаа изложбата на хербариум, фаунариум и аквариум со примероци од повеќе градови во Македонија.
         Настанот  беше  во рамките на кампањата за подобра животна средина #НеИгнорирај #Реагирај во која одделението е активно вклучено.
                                                             Одговорен наставник Елена Стојановска


четвртак, 06. јун 2019.

Научно-истражувачка посета на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје



            На 5.6.2019 година учениците од IV-в одд беа во посета на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје. Посетата ја организираше родителот Наташа Ангелевска, како дипломиран инженер на истиот факултет.
       Прво формиравме група ученици кои покажаа интерес за следење на активностите кои се одвиваат во соодветните лаборатории на факултетот, а потоа со поддршка на родителите го организиравме и превозот до факултетот.
       Во факултетот бевме пречекани од Продеканот за настава - Проф. д-р Игор Јорданов, кој не запозна со функцијата и задачите на деканатот, а потоа нè упати во посета на неколку лаборатории во факултетот.  Најпрво ја посетивме лабораторијата за неоргански материјали каде што Проф. д-р Бошко Бошковски не запозна со начинот на одвојување на металот од рудите и целата постапка на дробење, измивање, сепарирање  и мелење на рудите, до фазата на добивање на смеса за изработка на тули или керамиди.
     Потоа се упативме кон лабораторијата за груба и фина керамика и дизајн на производи, каде Проф. д-р Војо Јованов, преку своите студенти не запозна со постапката за изработка на керамички производи од отпаден градежен (ѕидарски) материјал, односно подготовката на мешавина од различни материјали: глина, цемент и стакло, во правилен сооднос, сè до фазата на боење и печење на готовиот производ.
      На крај ја посетивме лабораторијата за хемија на текстил, каде учениците  со употреба на микроскоп се запознаа со природни влакна (памук и волна) и вештачки влакна (полиестер и вештачка свила). Тука Проф. д-р Емилија Тошиќ исцрпно нè запозна зо разликите меѓу природниот и вештачкиот текстил, начините на боење и впивање на бојата, влијанието  на базата и киселината врз текстилот и сл. Професорката направи и експеримент преку кој ни покажа како мравската киселина целосно го раствора полиестерот, а кај памукот и волната прави минимални промени, без при тоа да ги раствори.
       Преполни со пријатни доживувања и нови искуства и знаења, нè испрати прекрасниот професорски тим. Ние презадоволни ги напуштивме факултетските простории, среќни што добивме покана за повторна средба во која ќе бидеме директно вклучени во вежбите и активностите со студентите.
                                                                                                       Одговорен наставник:
                                                                                                           Виолета Николин


среда, 05. јун 2019.

Заедничка активност со партнер училиште ООУ „Алија Авдовиќ“ с. Батинци



            На 30.05.2019 нашето училиште беше гостин во ООУ „Алија Авдовиќ“ с. Батинци.  Со наставниците и учениците од партнер училиштето реализиравме заедничка краткотрајна активност „Квиз натпревар - Заедно учиме“. Во активноста беа вклучени ученици од второ, трето, четврто и петто одделение, одделенските наставници: Билјана Христовска, Светлана Жежовска, Софија Лукроска и дефектологот Адријана Кукоска. Учениците меѓусебно се  дружеа и ги продлабочија потребните компетенции за живот во мултиетничко општество преку еднаквост за сите, меѓусебно почитување, разбирање и прифаќање на различностите.
Дефектолог Адријана Кукоска


четвртак, 30. мај 2019.

Мултимедијален хепенинг за децата од Општина Кисела Вода



На 28.05.2019 год. во Паркот на бранителите во Општина Кисела Вода се одржа осмиот Мултимедијален  хепенинг на отворено небо.
Општина Кисела Вода  беше организатор на оваа манифестација која има за цел да овозможи креативно и забавно дружење меѓу учениците од општината. Како и секоја година, учество зедоа учениците од сите основни училишта од овој дел на Скопје. Тие, на слободна тема сликаа, твореа, се забавуваа и се дружеа. Дел од талентираните ученици настапија со музички и музичко-ритмички точки.
Нашето училиште како и секоја година, така и оваа, зеде активно учество на оваа манифестација со настап на учениците од II-б одд. со две музичко- ритмички точки на песната„Сонувач“ од Петар Ѓуревски и песната „Lets dance“, а ги подготви одд.наставник Елена Стојановска. Исто така и неколкумина од учениците ликовно твореа на слободна тема.
                                                                    Оддленски наставник Елена Стојановска







Инклузивни работилници „Сите заедно се дружиме“

      Во текот на месец мај училишниот дефектолог имаше инклузивни работилници ,,Сите зедно се дружиме“ со учениците од второ, трето и четврто одделение од централното и подрачното училиште. Целта на овие работилници беше учениците да ги прифаќаат, почитуваат сличностите и разликите помеѓу нив, како и позитивната придобивка од прифаќањето на разликите, потребите и интересите на другите кои се еднакво важни на  сопствените.
Дефектолог Адријана Кукоска