среда, 26. септембар 2018.

Ѕвездена претстава по повод “Европскиот ден на јазиците“


I want to be a star
Je veux etre une star

сакам да сум ѕвезда

да се биде ѕвезда е нешто што доаѓа од внатре.
бидете ѕвезда водилка на сите оние кои се околу вас.

направете им ги нивните животи посветли.

       Денеска, 26.09.2018 година, во нашето училиште беше одбележан Европскиот ден на јазиците заедно со учениците и тимот наставници предводен од наставниците по англиски и француски јазик: Магдалена Бадарова, Анета Макревска, Анета Ѓ. Арсовска, Тина Пуфкова, Даме Коларовски, Мануела Марковска, Виолета Николин, Валентина Димишковска и Елена Стојановска.


понедељак, 24. септембар 2018.

Недела за борба против Туберкулоза

Недела  за борба против Туберкулоза

14. - 21. септември 2018

Неделата за борба против туберкулоза оваа година  се одбележа под мотото - Се бараат: лидери за слободен свет, свет без туберкулоза!
Оваа година фокусот е насочен кон ставање крај на ТБ, не само на политичко ниво, со шефови на држави, министри за здравство, туку и на локално ниво со градоначалници, лидери на заедницата, луѓе заболени од ТБ,  претставници на граѓанското општество- невладини организации, здравствени работници, лекари и медицински сестри и други партнери.


По тој повод и во нашето училиште беше одржано соодветно предавање од страна на претставници од Црвен Крст. Предавањето го следеа ученици од  VII до IX одделение.


четвртак, 20. септембар 2018.

„Јас внимавам“ - Кампања на компанијата OKTA

                       Компанијата ОКТА во почетокот на оваа учебна година реализира акција за доделување рефлектирачки приврзоци на сите првачиња во Скопје како дел од кампањата „Јас внимавам“.  Беа донирани 7.000 приврзоци во форма на мечиња во 76 училишта меѓу кои беше опфатено и нашето училиште.
          Целта на носењето на овие приврзоци е децата да бидат полесно видливи и побезбедни кога се пешаци или велосипедисти, особено ноќно време. Мечињата треба да се прикачат на видливо место на облеката, училишниот ранец или на велосипедот на детето. Кога ќе се осветлат од фаровите на возилата, тие се лесно забележливи. Носењето рефлектирачки елементи ноќно време за пет пати ја зголемува видливоста на пешаците и за осум пати ја намалува опасноста од сообраќајна несреќа. Носењето рефлектирачки елементи е сè почеста пракса во голем број европски земји.

       Националната кампања „Јас внимавам“ на компанијата ОКТА за своите реализирани активности насочени кон едукација на граѓаните за безбедност во сообраќајот во 2017 година ја доби наградата „НАЈДОБРА НАЦИОНАЛНА ОПШТЕСТВЕНО ОДГОВОРНА ПРАКТИКА“ во категоријата вложување во заедницата кај големите компании.


понедељак, 17. септембар 2018.

Национална акција за чистење на отпадот

   На 15.9.2018 година  беше реализирана еколошка акција во нашето училиште согласно со Националната акција за чистење на отпадот. Во нашето училиште беа организирани низа активности  од страна на учениците членови во Еколошката секција во која се вклучени ученици од одделденска и предметна настава. Тие го исчистија училишниот двор од отпадоци, ги собраа првите паднати есенски листови и ги поттикнуваа другите ученици да го следат нивниот пример за да се развива колективно еколошката свест во училиштето. Акцијата траеше околу еден час и училишниот двор беше успешно исчистен од отпадоци и листови и стана прекрасна чиста зелена средина во која ќе го поминуваат своето слободно време учениците од нашето училиште. Како и секоја година така и оваа година овој ден на големо задоволство на учениците успешно беше реализиран и одбележан.
Одговорни наставници: Светлана Жежовска –одделенски наставник, Љубица Наумова –предметен наставник


Основно подрачно училиште:„Рајко Жинзифов“ – н.Пинтија, Кисела Вода

По повод националната акција за чистење на отпадот нашето училиште по примерот на многу светски земји кои денес се вклучени во оваа акција,спроведе еколошка акција за чистење на отпадот. Во акцијата земаа учество ученици од сите класови од нашето подрачно училиште кои го исчистија отпадот од училишниот двор, паркот со зеленило и училишната околина. Се надеваме дека со оваа еколошка акција ќе ја подигнеме свеста и одговорноста кај идните наши генерации како треба да се однесуваат кон природата и да се грижат за нашата планета Земја.

среда, 05. септембар 2018.

,,И јас сакам да бидам ѕвезда“ - СОРАБОТКА СО МТВ

        На покана од МТВ и Редакцијата за образовна програма, поточно  Радмила Гиевска, со задоволство позитивно одговоривме и веднаш ја прифативме  понудената соработка за снимање на емисија  по повод почетокот на новата учебна 2018/19 година.
        По информирањето на директорката на училиштето, Елизабета Славковска и даденото зелено светло, се премина кон подготовки за реализациjа на оваа емисија.
        По извршената консултативна средба и изнесеното барање од страна на Радмила Гиевска се договоривме и заеднички напишавме сценарио.
        Одделенските наставници Мануела Маркоска и Виолета Николин, формираа тимови од ученици од V-б и IV-в за реализација на подготвеното сценарио на тема: ,,И јас сакам да бидам ѕвезда“.
        Снимањето се реализираше на 03.09.2018год, со големо задоволство на учениците, но и на тимот од МТВ. Успешно заврши при што учениците се стекнаа со уште едно  позитивно искуство.  И остана желбата за уште една повторна соработка

Одд.наставници:
Мануела Маркоска

Виолета Николин