петак, 21. фебруар 2020.

НАТПРЕВАР ВО ШАХ



На 20.02.2020 година во големата сала на општина Кисела Вода 46 ученика од општинските основни училишта се натпреваруваа во шах. Нашиот ученик Александар Стојчески од V-г одд. од подрачното училиште  доби награда. Имено тој се натпреваруваше во конкуренција со повозрасна категорија, но  наградата ја доби во својата старосна категорија согласно тај-брејк правилата. На крајот од натпреварувањата претседателот на Сојуз за училишен спорт на ОКВ Јовица Ефтовски  и секретарот Александар Алексовски на ОКВ на најуспешните им поделија медали и дипломи за постигнатиот успех.

Предметен наставник Јовица Ефтовски


петак, 14. фебруар 2020.

Предавање за Шах и избор на екипи од ООУ „Рајко Жинзифов“ за учество во меѓуучилишен натпревар



            На 13.II.2020 во ООУ „Рајко Жинзифов“ велемајсторот Роландо Кутиров одржа кратко предавање за шах, по кое  претставниците на неговиот шаховски клуб поставија табли за шах и учениците кои се пријавија за учество се соочија во оваа древна игра.
            Со помош на велемајсторот Роландо Кутиров и неговите помошници беа избрани учениците кои ќе го претставуваат училиштето во екипното натпреварување наредниот месец и тоа во група до 5-то одд: Александар Муриќ IVв, Јана Коруноска IVв, Александар, Станојевиќ IVб, Милан Станојевиќ IVб и Каан Ибровиќ IVб, во група 6-то и 7-мо одд: Моника Стојанова 7г, Ален Јованчев 6г и Јован Блажевски 6г, а во група 8-то и 9-то одд: Амил Мекиќ IXв, Лука Бакиќ IXв, Методиј Јанкуловски VIIIв и Александра Андонова VIIIв одд.
            По првото учество на двајца ученици од ООУ „Рајко Жинзифов“ на почетокот на оваа училишна година на индивидуално натпреварување ова ќе биде второ учество на шаховско натпреварување во иста училишна година овој пат на екипно натпреварување. Претходниот пат изразив надеж дека учеството на овој тип натпреварувања на ученици од нашето училиште ќе прерасне во традиција. Сега имајќи го в предвид интересот кај сите ученици посебно кај најмалите кои уште долго време ќе бидат наши ученици сигурен сум дека ова ќе биде така. Останува само да им посакаме среќа и успех во натпреварувањето.
                                                                      Одговорен наставник: Димитар Чоковски







Училишен натпревар по англиски јазик

На 11.02.2020 год. (вторник) во просториите на  ООУ „Рајко Жинзифов“ беше одржан училишен натпревар по англиски јазик со учениците од 5-то до 9-то одделение. Во натпреварот земаа учество вкупно 63 ученика, од кои 10 ученика се пласираа за учество на општинскиот натпревар по англиски јазик ЕЛТАМ, односно по два ученика од секое одделение.
Следниве ученици освоија 1-во и 2-ро место на натпреварот:
5-то одделение: Андријана Стојановска, Антонио Стојчески,
6-то одделение: Ивона Радеска, Јана Стамкова,
7-мо одделение: Матеј Јаневски, Леа Петрушеска,
8-мо одделение: Анастасија Манчевска, Ана Крстевска,
9-то одделение:Иван Томашевски и Јована Николовска.

     Одговорни наставници: Магдалена Бадарова, Маја Димеска и Анета Макревска


 

четвртак, 13. фебруар 2020.

,,Ученичка заедница“ Работилница на тема „ПРИВАТНОСТ“



             Денес 12.02.2020г. во нашето училиште се реализира планираниот состанок на Ученичката заедница од прво до петто одделение. Средбата започна во присуство на педагогот Весна Рафеска, дефектологот Адријана Кукоска и одговорната наставничка Татјана Трпеска, како и сите ученици – претставници од своите паралелки.
    На почеток на учениците им беше презентиран училишниот весник при нашето училиште ,,Секој нов ден“, во електронска и печатена форма. Во продолжение, се одржа кратка работилница со учениците преку откривање на зборот ,,ПРИВАТНОСТ“ со решавање на крстозбор. Потоа низ интерактивност се откриваа одговори на поставени прашања и проблеми на таа тема. Учениците беа целосно ангажирани и со голем интерес учествуваа во оваа училишна активност.
                                                                                                               Одговорен наставник:
                                                                                                                      Татјана Трпеска