понедељак, 28. мај 2018.

Мултимедијален хепенинг во соработка со општина Кисела Вода

На 22.05.2018 г. по повод мулти-медијалниот хепенинг кој се одржа во парк „Македонија“ под покровителство на Општина Кисела Вода, нашето училиште зеде учество со ликовни активности и ритмичко-балетска точка. Ученичките Ели Петреска и Софија Тодоровска вложија креативен труд, преку слободен мотив. Беа изработени два портрета од кои едниот беше изработен со молив а другиот со темперна боја.
Учениците од прво-б одд. се претставија со точката „Dream a dream“.
Заедно со останатите учесници од другите училишта се создаде пријатна атмосфера на ученичко ниво. Крајните резултати беа одлични и достоинствено го рефлектираат талентот на нашите млади ученици.



      Наставник по ликовно образование 
Барбарa Спасевска
Одделенски наставник
Елена Стојановска






Инклузивни работилници

Во текот на месец мај училишниот дефектолог Адријана Кукоска реализираше инклузивни работилници со ученици со цел поголемо меѓусебно почитување, прифаќање, дружење.
Со учениците потврдивме дека и покрај разликите кои постојат помеѓу нас секогаш треба да се дружиме, почитуваме, помагаме и прифаќаме онакви какви што сме.

Инклузивна работилница Сите заедно се дружиме“ со I одделение

Секој ученик ја нацрта својата дланка, ја исече и на истата нацрта нешто карактеристично за него. Потврдивме дека покрај тоа што изработките ни се слични сепак секоја дланка е специфична, посебна и единствена, но и дека без разлика каква дланка имаме ние секогаш ќе се дружиме!

Инклузивна работилница Сите заедно се дружиме“ со III одделение

Учениците беа поделени во групи и одговараа на дадени прашања од предходно прочитан текст, одговорите ги презентираа и ги објаснуваа, секоја група нацрта цртеж карактерисичен за нивниот дел. Дојдовме до заклучок дека колку и да се трудиме да бидеме како другите, тоа не можеме да го постигнеме. Треба да сме горди на тоа што сме и секогаш да ги почитуваме различните!

Инклузивна работилница Сите заедно се дружиме“ со VIII одделение

Учениците имаа задача даден проблем од секојдневниот живот да го решат онака како што тие мислат дека е најправилно. Секоја група го презентираше дадениот проблем и решението за истиот. По отворената дискусија заклучивме дека треба да имаме еднаков однос кон другите без разлика на разликите и сличностите и дека треба сите подеднакво да ги почитуваме!


Посeбноста на луѓето и нивната различност го прават светот поубав!

понедељак, 21. мај 2018.

НАСТАП НА МТВ

               Na 16.05.2018g., ucenicite od prvo do devetto oddelenie od na{eto u~ili{te, imaa javen nastap na MTV, na tema Posakav budewe. U~enicite se pretstavija so li~ni tvorbi, dramatizacii, koreografii i mudri izreki na angliski i francuski jazik. Odgovorni nastavnici bea: Badarova Magdalena, Kolarovski Dame, Atanasovska Spaseska Maja, Dimi{kovska Valentina, Nikolin Voleta, Gurovska Aneta, Stojanovska Elena i Ilieva Biljana.






ПРОЕКТ ЗА МЕЃУЕТНИЧКА ИНТЕГРАЦИЈА ВО ОБРАЗОВАНИЕТО

„Бидејќи сум дете имам право на...„

На 16.05.2018 год. во подрачното училиште во н. Пинтија беше реализирана работилница од проектот МИО на тема „Бидејќи сум дете имам право на...„
 Во активноста учествуваа ученици од IV одделение од партнерското училиште „Алија Авдовиќ“ од с.Батинци со нивната наставничка Ајсела Бачевац Џоговиќ и ученици од V г одделение со наставничката Кристина Никчевска.
Целите на активноста беа продлабочување на вештините кои им се потребни за живот во мултиетничко општество, развивање на меѓусебно разбирање, другарување, соработка, почитување на различностите помеѓу двете етнички групи и прифаќање на различностите, зголемување на  свеста за меѓуетничка толеранција, градење на групна кохезија и стекнување знаење на учениците едни за други, утврдување на знаењата за детските  права.
Во воведната активност преку игра за меѓусебно запознавање, учениците си ги кажуваа своите имиња и се запознаа со имињата на новите другарчиња.
Во втората активност учениците од  V- г одделение преку ритмичката игра и пеење на песната „Имам право“ го развеселија и разубавија ова заедничко дружење, а воедно и  ја најавија содржината на часот. Следеше разговор со учениците за нивните права преку слики и шема залепена на табла на двата јазика. Активносите се спроведува на двата наставни јазика од страна на наставниците по пат на парафразирање. Потоа учениците се поделија во 5 групи во мешан состав и секој од учениците од двете етнички групи фрлаа по една од коцките со смешко. Според бројот на собраните смешковци учениците добиваат правило кое нивната група ќе го црта на хамер. Следеше работата на учениците во групите  на хамер. Во активноста учениците соработуваа, се дружеа и споделуваа  заеднички идеи и мислења.
Во завршната активност следеше презентација на групите на двата наставни јазика. Еден дел  од хамерите беа изложени во холот на училиштето на пано на МИО катчето, а дел беа подарени на гостите.
                                                      Одговорен наставник:  Кристина Никчевска


среда, 16. мај 2018.

„РАКАТКИ“

На 27.04.2018 год. во Скопје беше одржан четиринаесетиот републички литературен фестивал „Ракатки“ во организација на Сојузот на писатели на Македонија, на кој учествуваа голем број основни училишта од сите градови од Македонија. Беа одбрани четириесет најдобри творби кои заслужија да бидат прочитани и наградени. На литературниот конкурс учествуваше ученичката Емељ Чико со поетската творба „Мојот дом“ од 7-б одд. Ученичката беше наградена со диплома за освоено II место.


Литературниот фестивал започна во 18 часот, во салата на „Даре Џамбаз“ со огромна посетеност. Покрај главните учесници и нивните ментори, родители и љубители на литературниот збор, беа присутни и голем број писатели за деца меѓу кои Михаил Ренџов, Славка Арсова, Велко Неделковски и многу груги, кои исто така беа дел од програмата.


Мојот дом
Многу слики, детски сказни,
детски приказни разни,
тивок и волшебен сон
се е тоа во мојот дом.

Безброј игри и смеа,
моменти на искрена љубов,
прегратки под куќната стреа
и срце што го чува домот.

Колаж од бои, спектар од чуства мои
и пораки за среќа,
по некоја честитка, ќе долета тајно
од полната дедомразовска вреќа.

И тогаш, чуствуваш полет во твојот ум,
бистро креираш, средба со јунаците свои,
од книгите одбираш сценарија
во топлите одаи твои.

Домот во срцето мое,
нека одекне силно низ ветровит  глас,
светот конечно нека дознае,
дека оттаму почнува приказната за нас.

уторак, 15. мај 2018.

ПРОФЕСИОНАЛНА ОРИЕНТАЦИЈА НА УЧЕНИЦИТЕ ОД ДЕВЕТТО ОДДЕЛЕНИЕ - учебна 2017/2018 г.

Согласно  годишното планирање и оваа учебна година беа реализирани повеќе активности за професионалната ориентација со учениците од девето одделение.
Уште во текот на месеците ноември и декември 2018г. од страна на психологот во училиштето Јорданка Радевска беа применети тестови за утврдување на општите и специфичните интелектуални способности на учениците како и утврдување на професионалните интереси и примена на скали за самопроценка на професионалните интереси. По обработката на тестовите се врши поврзаност помеѓу интелектуалните способности, успехот и интересите  на учениците.
По објавувањето на Конкусот за упис во средните државни училишта се изготвува презентација за Мрежата на средни државни училишта на град Скопје. Презентацијата ја реализираше педагогот на училиштето Весна Рафеска каде учениците се запознаа со видовите средни училишта и струките во поедини училишта. Детално беа појаснети критериумите за избор на ученици, предмети кои се предвидени во критериумите за рангирање на успехот, како и потребните документи за запишување.

Во месеците март и април 2018 година во соработка со средните приватни и државни училишта во нашето училиште со деветите одделенија беа реализирани презентации од следните училишта: Средно приватно училиште „Јахја Кемал“, „Саба“, ДСУ „Боро Петрушевски“, ДСУ „Владо Тасевски“,Гимназија „Раде Ј Корчагин“, ДСУ„ Здравко Цветковски“ ДСУ „Браќа Миладиновци“, ДСУ „Лазар Танев“


Во текот на месец април во соработка со Општина Кисела Вода учениците од деветто одделение имаа можност да посетат индустриски капацитети/фирми кои гравитираат во општината сè со цел полесно да ја одберат вистинската идна професија. Учениците го посетија Сојузот на здружение на возачи на Македонија во н. Драчево, каде им беа презентирани законските обврски кои ги има секој возач, какo и процедурата за регистрирање на возило и технички преглед на возило.
                                                                Училишен педагог Весна Рафеска


понедељак, 14. мај 2018.

Проект „Безбедност во училиштата“

Одделението за превенција при СВР Скопје во текот на учебната 2017/2018 год. започна со имплементација  на активности поврзани со проектот ,,Безбедност во училиштата“ со формирање на клубови за превенција во девет основни училишта лоцирани на подрачјето во општините на град Скопје. Едно од тие училишта беше токму нашето училиште ООУ,,Рајко Жинзифов“. Координатор на проектот беше училишниот педагог Весна Рафеска.
Основна цел на проектот беше подобрување на севкупната и личната безбедност на учениците, како и намалување на сите облици и типови на насилство помеѓу учениците, препознавање на ризиците со обработување на теми како што се зависности, насилство, семејно насилство, насилство на спортски натпревари, трговија со луѓе и други облици на непримерно и девијатно однесување поврзани со младата популација.

Проектот започна со формирање на Клуб на превенција во кој се вклучени 26 ученици од 8 и 9 одделение  со различно поведение, пол, различен успех и мултиетнички состав.
Во текот на целата учебна 2017/2018 год. се имплементираа активности во вид на работилници со презентации на различни теми:
1.            Формирање Клуб на превенција
2.            Среќни и безбедни новогодишни празници
3.            Насилството како поим
4.            Насилство, поим , видови и форма на насилство
5.            Насилството преку социјалните мрежи
6.            Насилство на спортски натпревари
7.            Семејно насилство
8.            Трговија со луѓе
Проектот заврши  на 11.05.2018г. со спортски активности во соработка со канцеларијата на ОЗФШ. Беше организиран рекреативен - спортски настан  меѓу членовите на Клубовите за превенција на основните училишта ООУ,,Невена Георгиева Дуња“, ООУ,,Св. Климент Охридски“ и ООУ „Рајко Жинзифов“. Домаќин на настанот беше нашето училиште. Настанот  беше медиумски покриен а присутен  бише и Градоначалникот на општина Кисела Вода.
Со реализација на овој проект очекуваме дека учениците ќе бидат едуцирани да не станат жртва или сторители на инкриминирани дејства , а воедно ќе се зајакне довербата и соработката меѓу учениците и полицијата и ќе допринесе за поинаков пристап во решавањето на проблемите преку соработка и партнерство.
                                                                                                        Директор
                                                                                           Елизабета Славковска


четвртак, 10. мај 2018.

САЕМ НА КНИГАТА 2018

Со одобрение од  директорот на училиштето Елизабета Славковска, на 09.05.2018 год. од 11.00 до 13,00, група од 78 ученика, во придружба на наставниците: Каролина Коларовска, Анета Ѓуровска- Арсовска и Зора Лазаревска го посетија САЕМОТ НА КНИГАТА 2018 со организиран превоз, кој се одржа во спортската сала „Борис Трајковски“.

         На саемот беа разгледани штандовите на издавачките куќи и беа земени каталози и рекламни материјали од истите за следење на нивната издавачка дејност, а учениците по сопствена желба, интерес и можност купија по некоја книга. По разгледувањето на штандовите, учениците организирано се вратија во училиштето.


ПРОЕКТ „Рециклирање - кажи ДА“ (февруари, март, април)

Со цел да ја зачуваме животната средина и да ја подигнеме еколошката свест, во нашето училиште се реализира проектот „Рециклирање - кажи ДА“ во соработка со фирмата за рециклирање на пластика ПАКОМАК.
За месец февруари собрани се 4925 стари пластични шишиња во  централното училиште и 1625 пластични шишиња во  подрачното училиште или вкупно 6550 стари пластични шишиња.
Се наградуваат со книги:
-       IV – в одделение кое има собрано вкупно 844 пластични шишиња.
-       IV – г одделение кое има собрано вкупно 616  пластични шишиња.
-       ученикот  Милош  Милошески од  I – б кој има предадено 388 пластични шишиња.
-       ученикот  Ален  од  IV – г кој има предадено 123 пластични шишиња.
-       ученикот  Јован Мирчевски  од  VI – г кој има предадено 261 пластично  шише.
IX– г добива пофалница

За месец март во  централното училиште од I до Vодделение собрани се и предадени  вкупно 4958 стари пластични шишиња.
IV – В  одделение  има собрано и предадено  вкупно 1308 пластични шишиња.
I – Б  одделение  има собрано и предадено вкупно 1157 пластични шишиња.
V -  В  одделение  има собрано и предадено  вкупно  378 пластични шишиња.

За месец април во  централното училиште  од I  до V одделение собрани се и предадени  вкупно 3045 стари пластични шишиња.
IV – В одделение  има собрано и предадено  вкупно  646 пластични шишиња.
II – Б одделение  има собрано и предадено  вкупно  462 пластични шишиња.
I – Б одделение  има собрано и предадено  вкупно  419 пластични шишиња.

НАГРАДИ ДОБИВААТ УЧЕНИЦИТЕ:
Ученикот Милош  Милошески од  I – б  кој има предадено 606 пластични шишиња.
Ученичката Анастасија Јанушевска  од  IV – в која има предадено 548, и
Ученичката Глорија Михајловска  од  I - г  која има предадено 312  пластични шишиња.

ПОФАЛНИЦИ  ДОБИВААТ УЧЕНИЦИТЕ:
Сара  Величковска  од  I – в со предадени 234  шишиња;
Кјара Николоска  од  I - б  со предадени 232   шишиња;
Емилиано Арслановски  од  II - б  со предадени 228   шишиња;
Давид Арсов  од  IV – в  со предадени 190   шишиња;
Мартин Блажески  од  III – г  со предадени 195  пластични шишиња.
                                                                     

                                                            Одговорен наставник: Билјана Христовска


понедељак, 07. мај 2018.

ЃУРЃОВДЕН - патронен празник на општина Кисела Вода




           Со музика, игра, песна и забава, на 06. 05. 2018г. општина Кисела Вода го одбележа својот патронен празник - Ѓурѓовден. Во организација на локалната самоуправа, во паркот Шопен,  најголемиот пролетен празник беше одбележан со богата културно-забавна програма, во која  акцентот беше ставен врз најмладите, а во која учество зедоа и учениците од нашето училиште. Посетителите ги забавуваа акробати, жонглери, куклари, а настап имаа и Златните славејчиња, повеќе млади музички таленти од овој дел на градот, како и Александар Митевски кој и самиот е некогашен жител на оваа општина. Градоначалникот Филип Темелковски, во своето обраќање пред присутните потсети зошто денешниот празник, кој годинава се празнува по јубилеен 20-ти пат, е избран да биде патронен празник на Општина Кисела Вода.






ПРОЕКТ  – ФУДБАЛ  ВО ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА


Во периодот од 07.05 2018 год. до 31.05.2018 год.во нашето училиште учениците од   II,  III,  IV и   V одделение, зедоа учество во програмата за забавен, училишен спорт преку заеднички проект ,,ФУДБАЛ ВО УЧИЛИШТАТА“ во соработка со Фудбалската федерација на Македонија.
Целите на проектот беа целосно реализирани. Кај учениците беа присутни мотивираноста, желбата за учество и за победа. Со нетрпение се очекуваше секој следен натпревар иако на крај немаше победник бидејќи овој  проект имаше повеќе ревијален карактер, со желба и цел поголемо вклучување на учениците во спортување и спортски активности. Учениците на крајот беа презадоволни од реализирањето  на истиот и изразија надеж и желба за истото да се повтори.
Одговорен наставник:  ЈОВИЦА ЕФТОВСКИ
Наставници учесници:

Татјана Трпеска, Валентина Димишковска, Светлана Жежовска, Весна Стевановска, Горица Арсовска, Елизабета Младеновска, Весна Миланова, Цветанка Гајдоска, Мануела Маркоска, Мира Јовеска, Маја А. Спасовска, Богданка Пановска и Ивана Огњановска.







Посета на Петтиот цветен фестивал

 На 12.05.2018 година, учениците од трето оделение од нашето училиште, зедоа учество на Петтиот  Цветен фестивал во Градскиот парк, во организација  на градот  Скопје, а во соработка со Ј.П. Паркови и зеленила. Манифестацијата започна во 11.00 часот со дефиле на ученици од сите општини. Нашата општина, Кисела Вода, беше во зелена боја. По тој повод присутните ученици,  беа облечени во зелени маички. Дефилето заврши, кај поставената цветна сцена, каде што Петтиот цветен фестивал, официјално беше отворен. На крајот, на сите присутни им беа поделени и цвеќиња и садници.

Одговорен наставник
ТАТЈАНА ТРПЕСКА