уторак, 3. јул 2018.

Наградување на наставниот кадар


На Наставничкиот совет одржан на 3.06.2018 год. Директорот на училиштето им додели дипломи на наставниците - ментори кои со нивни ученици постигнаа високи достигнувања.
- Диплома за освоена трета награда на Државен натпревар по биологија се додели на наставник - ментор Љубица Наумовска;
- Диплома за освоено трето место на Државен натпревар по македонски јазик и литература се додели на наставник - ментор Дијана Игњевска Стојановска;
- Диплома за освоено второ место на IV Републички литературен фестивал ,, Ракатки“се додели на наставник - ментор Љуба Мишевска.


  На избраните најдобри наставници по проектот на ОКВ ,,Избор на најдобар наставник“ од нашето училиште Директорот додели:
            -Признание за избран најдобар наставник на предметниот наставник Љубица Наумовска и
            -Признание за избран најдобар  наставник на одделенскиот наставник Виолета Николин.


Набавка на наставни средства

Согласно Акциониот план за надминување на недостатоците и спроведување на препораките од Конечниот извештај од интегралната евалуација на училиштето набавени се нагледни средства:
-Фудбалски топки;
-Топки за ракомет;
-Топки за одбојка;
-Топки за одделенска настава;
-Рекети за пинк понг;
-Сталак за епрувети и епрувети;
-Динамометри;
-Филтер хартија;
-Лакмус син и црвен;

по наставните предмети: физичко и здравствено образование, физика и хемија.