петак, 27. април 2018.

Упис на ученици во прво одделение

ООУ „Рајко Жинзифов“ н. Драчево
врши упис на ученици во прво одделение
за учебната 2018/2019 година

ПРАВО НА УПИС:

-Деца кои дo krajot na kalendarskata  godina
(31 dekemvri 2018) }e napolnat 6 godini

-Деца кои дo krajot na  31 janуari }e napolnat 6 godini
(po barawe na roditel i mislewe na u~ili{niot psiholog i pedagog)

-Deca koi pripa|aat na reonot na u~ili{teto ,,Rajko @inzifov

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:

-Иzvod od mati~na  kniga na rodeni (fotokopija)
-Potvrda za примените задолжителни вакциниза детето
(издадена од надлежна здравствена институција)
-Potvrda za sistematski pregled od stomatolog - Поликлиника Драчево

ВРЕМЕ И МЕСТО:

Upisot }e trae od  01 до 31 maj 2018g. 
i }e se realizira vo prostoriите на ОOU ,,Rajko @inzifov od 9,00 do 14,00 ч.




Приредба за идните првачиња 
На 2. мај започна запишувањето на првачиња во нашето училиште. По тој повод во Подрачното училиште во н. Пинтија се одржа приредба за идните првачиња од градинката „Ѓургица“. На приредбата учествуваа учениците од  I-г , II-г, III-г, IV-г  и  V-г одд.
Одговорен наставник: Кристина Никчевска




На 26.04.2018 год. со почеток во 5,30ч. учениците од нашето училиште одржаа свечена приредба пред родителите и децата од градинката „Осми март“- н. Драчево.  Нашите ученици се претставија  со неколку ритмички точки и со тоа го задржаа вниманието  на дечињата од градинката. На крајот од приредбата родителите и дечињата беа поканети во посета на неколку наши училници и како подарок секое дете доби една ветерница и едно флаерче со боенка.
Одговорни наставници: Мира Јовеска, Маја Атанасовска Спасеска, Богданка Пановска






ЕДНОДНЕВНА НАУЧНО–ОБРАЗОВНА  ЕКСКУРЗИЈА  ВО ТЕТОВО
        На 26.04.2018 година беше реализирана планираната еднодневна научно-образовна екскурзија за учениците од трето одделение. На оваа убава прошетка, учениците беа запознаени со повеќе зданија кои важат за историски споменици, се запознаа одблизу со минатото на нашиот народ, како и  со природните убавини на Република Македонија. Тие се стекнаа со конкретни знаења за Шарената џамија, Арабати Баба Теќе како и за Лешочкиот манастир,,Св.Атанасиј“. Исто така при прошетката беше направена посета и на фабриката за млеко и млечни производи во Тетово - АЛПИ.
    Учениците беа презадоволни од оваа научно-образовна екскурзија и истата  помина во најдобар ред. Учениците беа дисциплинирани и пофалени од домаќините. Активот на трето одделение, одделенските наставници Горица Арсовска, Татјана Трпеска, Виолета Николин и Билјана Шоклевска, беше исто така презадоволен од своите ученици.
   По сите планирани и реализирани активности, пристигнавме во нашето училиште, точно навреме, каде што учениците беа пречекани од  своите родители.  
Одговорен наставник
Татјана Трпеска






Регионален натпревар по англиски јазик

На 21.IV 2018 година се одржа регионален натпревар по англиски јазик за учаниците од V до IX одделение, учествуваа тројца ученици  од нашето училиште, кои на општинскиот натпревар се квалификуваа: Мелиса Џанова од VIв одделение, ментор Анета Макревска, Марија Пертова од VIIIв одделение, ментор Магдалена Бадарова и Марија Трајаноска од IXд одделение, ментор Маја Димеска. Учениците добија пофалници за учество.





                         Настава во природа со петто одделение


Во периодот од 16.04.2018  до 20.04.2018 година  според планот и програмата за учениците во петто одделение беше изведена настава во природа во одморалиштето „Михајлово“ - Кавадарци.  Програмата се реализира преку Т.А. „Оскар Травел“ - Скопје . Според планот беа реализирани посети на
-                      Археолошко наоѓалиште „Стоби“
-                      Спомен куќата на Страшо Пинџур – с. Ваташа
-                      Споменикот на 12 стрелани младиници – с. Ваташа
-                      Тиквешко езеро и хидроцентралата
-                      Посета на караулата на планината Кожуф
-                      Посета на градот Кавадарци
-                      Посета на фабриката „Кожувчанка“
-                      Посета на рибникот во с. Мрежичко.
Учениците беа сместени во одморалиште, со организирана исхрана,  секојдневно организирани активности од страна на одделенските раководители и со постојана придружба од водач и присуство на доктор во текот на целиот престој во одморалиштето.

Активностите за учениците беа организирани според наставниот план и програма при што учениците ги проширија своите знаења од македонски јазик, математика, општество, музичко образование, физичко и здравствено образование,  но се здобија и со нови навики за културно живеење. Со силни и убави впечатоци  учениците се вратија во училиштето според планираното време и беа пречекани од своите родители.


понедељак, 23. април 2018.

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА 22 АПРИЛ – Ден на планетата Земја

Во согласност со годишната програма во рамките на јавна и културна дејност на 19.04.2018 година со учениците од прво до четврто одделение (по два ученика од секоја паралелка) беше организирана работилница  со цел да се одбележи  22 Април -  Денот на планетата Земја  на тема „Да ја зачуваме нашата планета Земја, бидејќи немаме резервна“.
Учениците од прво и второ одделение  ликовно се изразуваа според дадената тема, додека учениците од трето и четврто одделение пишуваа еко-пораки упатувајќи апел до сите да ја зачуваме планетата, да се грижиме за животната средина, да се укаже на загадувањето на воздухот и водата ,  со еден збор, да се развие еколошката свест кај сите жители.
Учениците во текот на работата беа доста активни , така што на крајот заедничкиот труд беше поставен  во холот на училиштето.
Одговорен наставник :  Весна Стевановска







         Натпревар по англиски јазик и математика во Алгоритам

На 19.IV 2018 година во просториите на приватната гимназија Алгоритам, се одржа натпревар по математика и англиски јазик за учаниците од VIII и IX одделение, учествуваа 16 ученика  од нашето училиште под менторство на: Марина Станоеска, Виолета Павлеска, Анета Макревска и Магдалена Бадарова.


Млади уметници

        Во пресрет на пролетта и убавото сончево време на 20.04.2018 година, (петок) на часот по ликовно образование ја изведовме активноста „Истражија природата и насликаj ја таква каква што ја гледаш и доживуваш“.  Целта на активноста беше учениците да се чувствуваат како вистински уметнци и по урнек на познатите безвременски светски уметници како Пикасо, Монт, Личеноски да цртаат набљудувајќи ја природата. Учениците од I/г одделение со задоволство ја прифатија активноста и учествуваа во неа. На крајот од нашиот уметнички излет во училишниот двор правевме изложба со ликовните дела. За истите дававме свои размислувања за тоа што е претставено, како е претставено и како би можело подобро да се претстави во иднина тоа што сакаме да го прикажеме уметнички. Часот побуди многу веселост и задоволство кај учениците, но истовремено учениците можеа одблизу да се запознаат со природните карактеристики на дрвото, тревата, цвеќињата, нивните бои, форми, големини.


                                                                             Одговорен наставник: Кети Сталеска 


среда, 18. април 2018.

Во посета на Општина Кисела Вода

        Учениците од ООУ “Рајко Жинзифов” денес (18.04.2018г.) беа во посета на Општина Кисела Вода. Со градоначалникот Филип Темелковски, разговараа за прашања од областа на функционирањето на локалната самоуправа. Се интересираа и добија одговори за поставеноста на секторите во општината и начинот на функционирање на општинската администрација како и за начинот на носење на одлуки кои имаат за цел да им го подобрат животот на жителите на општината.


       Учениците го изразија задоволството што на овој начин имаа можност да добијат практични знааења од она што како теорија го учат во наставниот процес, а градоначалникот Темелковски им посака понатамошен успех во учењето.




РЕГИОНАЛЕН  НАТПРЕВАР   ПО  

ПРИРОДНИ  НАУКИ ЗА ЧЕТВРТО ОДДЕЛЕНИЕ


На 15.04.2018год.(недела) се одржа Регионален натпревар по природни науки и Биологија за учениците од IV до IX одделение.  
Според постигнатиот резултат на општинскиот натпревар од ООУ,,Рајко Жинзифов“ од IV одделение на Регионалниот  натпревар учествуваа ученици од IV–б и од IV одделение:
 Миа Јаневска IV–б одд.  
 Марко Маркоски IV–б одд.
Сара Ибровиќ  IV–б одд.
Матеј Колигов IV–б одд.  ментор Мануела Маркоска  и  
Марко Николовски од IV-г одд.
Ивона Радеска IV–г одд. ментор Даниела Костадинова.
Се надеваме дека со постигнатите резултати ќе имаме претставници од IV одделение кои ќе го претставуваат нашето училиште на државниот натпревар по Природни науки кој ќе се оддржи на 19.05.2018 год.

одд.наставници:
Даниела Костадинова
 Мануела Маркоска


среда, 04. април 2018.

Јас сум суперхерој

           За жал иако е 21 век и многу работи ни се достапни и блиску до нас, сепак нешто недостасува. Децата и возрасните многу лесно и едноставно може да се информираат и едуцираат за се што ги интересира. Сепак најмалку сите  ние придаваме важност на еко–културата, па неминовно е сè почесто да се разговара и да се обработуваат теми од областа на екологијата за развивање на поголема еко-свест. Сведоци сме на улици преполни со ѓубре. Возрасните ги  забораваат и ги занемаруваат основните културни еко-навики , но не и децата. Тие се нашата иднина. Нашите суперхерои кои многу повеќе и многу подобро се грижат и би се грижеле за планетата Земја. За природата. За здрав живот на инсектите, растенијата, птиците, животните и луѓето. Додека вие се шегувате за 1 Април, ние учениците од I/г решивме од старите кеси, хартии да направиме супер маски на тема „Јас сум супер херој“- заштитник на природата. Супер Ирина е заштитник на бубамарите, Супер Андреј е најдобар другар со громовите, па ако фрлате намерно ѓубре ќе ги повика за да ви раскаже колку е лута природата, а кога ќе дојде супер Ерхан, сите автомобили се извинуваат за загадувањето на воздухот и не сакаат да возат по градот додека не се најде некое решение за тоа,  да се вози и да не се загадува воздухот. Детската фантазија достигнува недостижни височини, но ние возрасните можеме многу нешта да научиме и заедно да создаваме подобар свет за сите нас. Во прилог ви доставуваме фотографии од изработуваањето на првоаприлски маски од учениците од I/г заедно со својата наставничка Кети Сталеска. Може ли да одгатнете кои супер херои дадоа чесен збор дека своите супер моќи ќе ги користат за чување на планетата Земја, чиста и насмеана?


уторак, 03. април 2018.

2 Април - Светски ден на детската книга

          На  02. 04. 2017г. беше одбележан Светскиот ден на детската книга. На одделенскиот час беше прочитан информативниот материјал изготвен од страна на училишниот библиотекар Никола Станковиќ преку кој се учениците од II до IX одделение се запознаа со историјатот и значењето на детската книга.
2 април се празнува како светски ден на детската книгa
(International Children Book Day)
за да ја инспирира љубовта кон читањето и да го сврти вниманието кон детските книги во чест на роденденот на холандскиот автор на детски книги Ханс Кристијан Андерсен чија волшебност на неговитe приказни и ден денес достигнува до нас.


         Ханс Кристијан Андерсен е еден од најголемите писатели на бајки. Ги проширувал, развивал народни мотиви во нив, но и создавал вистински дела. Неговите приказни се читливи, разбирливи и лесно се занесуваат во нивната содржина, као децата, така и возрасните. Тој комуницирал со децата и создавал толку впечатливи дела затоа што пишувајќи и самиот тој размислувал како дете. Такви се неговите приказни „Царевото ново руво“, „Оловниот војник“, „Малечката сирена“ и други.

    Во 1958 година УНЕСКО формира Меѓународен Златен медал по името на Андерсен, нарекуван уште и Мала Нобелова награда. Еднаш на две години оваа награда ја добиваат најдобрите писатели и сликари-илустратори на детски книги. Наградувани се Астрид Линдгрен, Селма Лагерлеф, Туве Јансон, Луис Керол и други.

   Во секоја земја во светот, од дамнешните времиња постоеле митови, приказни и легенди кои се предавале од колено на колено низ вековите, споделувајќи ја нивната идеја за креацијата, поврзувајќи се со историјата, споделувајќи го културното богатство, фрлајќи искри на љубопитност и овозможувајќи насмевки на лицата.
Најголемо е задоволството да се чита сам и полека, чекор по чекор, да се откриваат тајните на волшебниот свет и да се патува низ просторот и времето. Тој свет ќе го најдеме вткаен во приказните и бајките на писателите на детска литература. Додека читаме ќе одлетаме на крилјата на фантазијата во непознати земји и ќе го доживееме сето она што го доживеале јунаците во приказните и бајките.
Светот околу нас е преполн со тајни, а писателите на ваквите приказни и бајки сакаат да ги откриваат и одгатнуваат и некако да одговорат на детското „зошто“ и „како“. Бајките се нижат една по друга. Некои се тажни, некои се весели, ама сите се прекрасни.
Бајките ги оплеменуваат децата. Тие во нив ги развиваат најубавите чувства: правдата, вистината, љубовта на човекот кон човекот. И токму поради тоа бидејќи децата ги прават подобри, поубави, посочувствителни, бајките се читаат и учат во сите училишта во светот.
Посебно треба да се истакне значењето на детската и младинската книжевност, бидејќи децата се подмладокот на човештвото. Нивното воспитување спаѓа во најважните дејности на луѓето. Оваа литература денес е една од најзначајните и највредните скапоцености за децата ширум светот.
   Во Македонија попознати и позначајни автори на детска литература, чии дела носат универзални и вонвременски пораки се: „Шеќерна приказна“ на Славко Јаневски, „Волшебното самарче“ на Ванчо Николески, „Белото циганче“ на Видое Подгорец, младешките теми во делата на Горјан Петрески, како и автори кои пишувале дела за деца, а веќе биле афирмирани како писатели за возрасни: П.М. Андреевски - „Шарам барам“, Томе Арсовски - „Дедо Мраз и Феферона“, Михаил Ренџов - „Ангела сонува“, писателките за деца, како Бистрица Миркуловска, Славка Арсова, Косара Гочковска, Славка Манева, Јадранка Владова, Оливера Николова, чија лектира „Зоки Поки“ е прогласена за најпопуларна книга за деца на македонски јазик.
     Авторите на детската литература се трудат во своите дела да не ги лажат децата, туку да им раскажуваат за нешта што им се блиски, да им ја поттикнуваат фантазијата, да го негуваат литературниот јазик, а во песните да не пишуваат бесмислени зборови само за стиховите да имаат рима. Само така од дете што ја сака книгата ќе се добие и возрасен читател. Поетот Михаил Ренџов истакнува дека пишувањето за деца е одговорна задача, а како пример за автор за деца го посочува Стојан Тарапуза. За него вели: „Се плашев од литературата за деца зашто ја сметав за пресериозна. Затоа првата книга за деца ја напишав на 65 години. Учев од моите колеги, а моите деца ги учев од стиховите на Стојан Тарапуза“.
    Освен делата на домашните писатели на детска литература, кај нас се подеднакво познати и читани и светски познатите книги за деца почнувајќи од  „Малиот принц“, „Гуливеровите патувања“, „Робинзон Крусо“, „Хаклбери Фин“, преку „Мери Попинс“ или „Алиса во земјата на чудата“, па сè до поблиското минато на „Хобитот“, „Господарот на прстените“, „Хрониките на Нарнија“, „Хари Потер“ и многу други.
За крај и една занимливост:
   Џ.М.Бери имал само шест години кога неговиот брат, Дејвид, загинал во несреќа. Смртниот случај бил преголем удар за неговата мајка. Дејвид бил нејзиниот омилен син, а загинал два дена пред неговиот 14-ти роденден. За да ѝ помогне на мајка си, малечкиот Бери започнал да ги носи алиштата на неговиот брат и да се однесува како него. Неговата мајка конечно ја прежалила смртта на нејзиниот син, но не поради глумата на Бери. Таа се тешела дека Дејвид ќе остане со неа засекогаш како момче кое никогаш нема да порасне.
    Ви звучи познато?
  На Бери му се допаднало ова толку многу што создал сопствено момче кое никогаш нема да порасне – Петар Пан.





         ПРОЕКТ:  „Заедничка грижа“- Родителот е наставник

На 30.03.2018 година (петок)  во IV-г одделение се реализираше наставен час Природни науки од страна на родителот  Виолета Радеска, радиолошки технолог во Клиника за радиологија. Наставната единица носеше  наслов „Заштита на коските при  повреди и заболување - Обработка“.
Родителот на многу интересен начин преку боење на наставни ливчиња на коските на човекот  ги утврди знаењата на учениците за видовите на коски.  Следеше кратко објаснување за заштита на коските , а учениците преку нагледните средста - РТГ снимките можеа да видат како изгледа повреда на некој вид коска, како изгледа коската после операција со поставување шипка и штраф и сл.  Учениците поставуваа прашања за повредите на коските, како треба да се постапува при повреда на некој вид на коска, дали храната има влијание за издржливоста на коските и многу други интересни прашања поврзани со темата „Коски и мускули“.
Повратна информација за усвоеноста на знаењата од наставната единица која родителот  им ја пренесе на децата со многу нагледности беше интересниот  КРТОЗБОР.  Учениците го пополнија кртозборот со поими од претходно изученото кои ги повторивме со наставното ливче и со поими од новата наставна содржина.
Се усвоија новите поими „фрактура“ и „рахитис“. На крајот од часот учениците преку рефлексија ги искажаа нивните впечатоци од часот и ги повторија поимите, при што се воочи дека целите на часот се постигнати. Беше постигната интеракција меѓу учениците и „Родителот-наставник“. Прекрасен час, се надевам дека беше и едно убаво искуство за моите ученици и за родителот Радеска. Ја јакнеме соработката: УЧЕНИК- НАСТАВНИК-РОДИТЕЛ.

                                                                    Одговорен наставник: Даниела Костадинова







Регионален натпревар по математика

            На 31.03.2018 год. со почеток во 9.00 часот во ОУ„Марко Цепенков“- Зелениково со времетраењеод 150 мин.се одржа Регионалниот натпревар по математика. На овој натпревар учествуваа основните училишта од општините Кисела Вода, Зелениково и Сопиште. Од нашето училиште на натпреварот учествуваа вкупно 12 ученика од 4. до 9 одд. Од 4. одд. учествуваа Јана Мирчевска и Марко Марковски, од 5. одд Мила Тасевска и Мила Атанасовска, 6. одд учествуваше Никола Десковски, 7. одд Емељ Чико и Марко Стефковски, од 8. одд. Ева Карамановска и Ели Петреска и од 9. одд. Дамјан Георгиевски, Симона Данчева и Марија Цветановска.

Одговорни
 предметните наставници по математика