Во текот на второто полугодие во учебната 2024/2025 година стручните соработници училишниот психолог Бранка Бранковиќ, педагог Весна Рафеска и дефектолог Адријана Кукоска реализираа работилници на теми поврзани со ментално здравје на младите.
Во јануари и февруари од страна на училишниот педагог, психолог и дефектолог реализирани се 14 работолници: „Моето тело – моите чувства“, „Лоши и добри навики“, „Моите негативни чувства“, „Надминување на мојот страв“, „Пушењето е смртоносно – Зошто тогаш е привлечно?“, „Скршено срце“ , „Сличности и разлики со оето другарче“, „Разлики меѓу нас“ „безбедно користење на интернет“ и „Инклузивен и неинклузивен јазик“ со учениците од II, V, VI, VII и IX одделение. Во овие работилници земаа учество вкупно 307 ученици. Овие работилници имаат за цел училиштето да го направат место во кое учениците ќе сакаат да престојуваат, во кое ќе бидат вклучени и нивното мислење и нивните чувства ќе бидат земени предвид. Исто така, во овој периот, стручните соработници училишниот педагог, дефектолог и психолог одржаа презентации на актив на одделенска и предметна настава на теми: „Изгради ги обрите навики“, „Стилови на родителство и стилови на наставници“ и „Инклузивно образование во основните училишта во Општина Кисела Вода“ .
Во месец март училишниот педагог, психолог и дефектолог, како и предметни наставници реализираа работилници тема: „Кругови на моите блиски“, и „Другарство“. Во овие работилници земаа учество вкупно 121 ученика од II, VI, VII, VIII и IX одделение. Целта на овие работилници е учениците да ги препознаат своите емоции и развивање на емпатија кај учениците..
Во месец април реализирани се вкупно 10 работилници. Темите кои се обработени во склоп на работилниците имаат за цел развивање на толеранција, асертивна комуникација, самодоверба, самопочитување и помош при избор на средно училиште, развивање на слаби страни и идентивикација на јаки страни кај учениците. Вкупно 151 ученици од VI, VII и IX учествуваа на следните работилници „Кругови на моите блиски“, „Професионална ориентација“ и „Убаво однесување“ . Класните раководители Магдалена Бадарова, Марина Станоеска, Билјана Наунова, Горан Петковиќ, Ленче Танушевска, Татијана Георгиевски, Љуба Мишевска и Елена Ристеска работилницата „Круговите на моите блиски“ ја реализираа во рамките на своите паралелки.
Во мај и јуни од страна на стручните соработници училишниот психолог, педагог и дефектолог реализирани се 8 работилници на различни теми поврзани со ментално здравје: „Сакам да се дружам со...“, „Пишување покана“, „Одговорна употреба на мобилните телефони и социјалните медиуми“, „Моите негативни чувства“ и „Професионална ориентација. Во oвие работилници земаа учество вкупно 150 ученици од I, II, V и VIII и одд.
Во рамки на проектот „Ментално здравје на учениците“ направено е акциско истражување од страна на училишниот психолог Бранка Бранковиќ. Во тестирањето на учениците земаа учество и класните раководители од VII до IX одделение.
педагог Весна Рафеска
психолог Бранка Бранковиќ
дефектолог м-р Адријана Кукоска
Нема коментара:
Постави коментар