петак, 13. мај 2016.

Одбележување на Денот на Општина Кисела Вода „6 Мај –Ѓурѓовден“

Проект за меѓуетничка интеграција во образованието
Одбележување на Денот на Општина Кисела Вода „6 Мај –Ѓурѓовден“

На 06.05.2016г. учениците од двете партнер училишта: ООУ„Рајко Жинзифов“-н.Драчево и ЦОУ„Алија Авдовиќ“-с.Батинци, со цел за запознавање и непосредно учење едни за други, градење групна кохезија и кооперативност, почитување на различностите и меѓусебната соработка и кохезија, зедоа учество во одбележувањето на патрониот ден на општина Кисела Вода „6 Мај – Гурговден“.
За таа цел преку неколку заеднички средби 12 ученички (по 6 од двете училишта) заедно со нивните наставници заеднички приготвија кореографија на одбрана композиција. Преку содржината на песната и чекорите од кореографијата децата пренесоа порака дека секое дете сака да живее во чиста и здрава средина. Учениците изработија и заеднички пано на двата наставни јазика со што ѝ го честиттаа празникот на општината. Сите ученички на главите носеа венец со цветови како симбол за празникот „Ѓурѓовден“ и имаа исти маички во неколку бои.

За цело време на активностите напоредно се користеа двата наставни јазика, а најавата на точката на приредбата исто така беше искажана на двата јазика.
Ученичките искажаа големо задоволство за ваквата активност и посакаа повторно да се реализира слична активност со учениците од двете училишта.





КОЛЕШИНСКИ ВОДОПАДИ

КОЛЕШИНСКИ ВОДОПАДИ
еднодневна екскурзија
Според планираните екскурзии и посети за учебната 2015/16г. на 15.04.2016г. беше изведена еднодневна екскурзија до Колешинските водопади со учениците од  III-а,б,в и г одделение во придружба на нивните одделенски наставници. Екскурзијата беше реализирана во соработка со ТА”Македонија сообраќај, со високо-туристички двокатен автобус.

Поаѓањето беше во 8,00ч. од пред училиште. Попатно учениците се запознаваа со природните убавини на нашата татковина по течението на реката Вардар. Првото застанување беше  за посета на винаријата ”Стоби” каде стручно лице од винаријата ги  запозна учениците со процесот на производство, зреење и складирање на виното. Учениците беа активно вклучени  со поставување прашања.


Патувањето продолжи  со попатно, панорамско, запознавање со археолошкиот локалитет ”Стоби”, со детално објаснување од страна на водичот во автобусот по што околу 12,00ч. учениците пристигнаа  во подножјето на Беласица од каде пеш за околу 40 минути пристигна до Колешинските водопади. Тука учениците имаа време за  одмор и уживање во убавините на водопадите.


Околу 14,00ч. ја посетија и Струмица каде беше изведена прошетка во градскиот парк, а во 17,00ч. појдоа кон Скопје со попатно разгледување на дел од Источна Македонија. Пристигнувањето беше во 19,00ч. пред училиштето.


Одд. наставници: Виолета Ѓеоргиева, Моника Трајковска, Мира Јовеска, Маја Атансасовска  Спасеска, Цветанка Гајдовска

петак, 06. мај 2016.

ЕКО ПРОЕКТ - „Цветна Македонија“

Хортикултурно уредување на училишниот двор како и во училницата


        На 28.04.2016г. учениците од  I – Б  одделение заедно со наставничката Татјана Трпеска го одбележаа доаѓањето на  големиот христијански празник Велигден, како и Празникот на Трудот  1 Мај, а и планираните Еко-содржини за оваа учебна година!
        Учениците донесоа и засадија семиња од млади садници и млади цветови насади од дома, во училницата изработија ѕидно пано на кое беше нацртана Р. Македонија и на неа беа залепени разновидни цветови. Републиката ја држат рачињата на учениците кои симболично ја претставуваат иднината на нашата држава.
        Со изработениот хамер продефилираа низ училишниот двор кој потоа го истакнаа на видно место во холот на нашето училиште.