четвртак, 28. новембар 2013.

ДЕН НА ДРВОТО – 27.11.2013 г.


Активности со учениците од IVб, IVв, Vб и Vв одделение
   


 По повод акцијата: Ден на дрвото-Засади здравје! Засади здрава иднина! во подрачното училиште„Рајко Жинзифов“ од населба Пинтија се одржаа низа активности. Учениците од одделенска настава твореа на тема:Ден на дрвото-Засади ја својата иднина. Нивните изработки беа изложени на училишното пано во холот на училиштето. Учениците од предметна настава заедно со нивните одговорни наставници засадија садници подарени од општината Кисела Вода , а некои ги засадија и израснатите желади.
Со тоа учениците од нашето училиште упатија јасна порака: Садиме дрвја, садиме здрава иднина!!!!
Одговорен наставник: Даниела Костадинова
















  

уторак, 3. септембар 2013.

СРЕЌНА УЧЕБНА 2013/2014 година!!!!



Почитувани!
Во Подрачното училиште „Рајко Жинзифов“ првиот училишен ден беше одбележан со Пригодна приредба во која учествуваа учениците од одделенска настава. Со рецитирање, низ игра и песна ги поздравија новите првачиња и на сите ученици и им посакаа СРЕЌНА И УСПЕШНА УЧЕБНА ГОДИНА!       

           Одговорен наставник за приредбата : Соња Гајдоска






среда, 15. мај 2013.

„Садница плус“

      Учениците од подрачното основно училиште „Рајко Жинзифов“ од населба Пинтија на 13.05.2013 (понеделник) активно се вклучија во кампањата „Садница плус“, во рамки на акцијата „Ден на дрвото-засади ја својата иднина“.
       Учениците засадија желад во една саксија со желба тој да порасне и да биде садник кој ќе се засади во училишниот двор на нашето училиште во акцијата „Ден на дрвото - засади ја својата иднина“ која ќе се реализира во месецот септември.
      Најмалите ученици од нашето училиште на своите желади им дадоа име и секојдневно ќе бележат кога ќе израсне нивната садница и ќе стане големо стебло. Со акцијата учениците покажаа почит кон македонскиот даб и македонската шума како вистински ЕКОЛОЗИ.











 

четвртак, 9. мај 2013.

Еко-фестивал на тема: ОТПАД

          Во нашето подрачно основно училиште „Рајко Жинзифов“- н. Пинтија по повод 22Април- Ден на планетата Земја се одржa Еко-фестивал на тема: ОТПАД.
       Учениците од I-V одд. во Работилницата „Го менувам светот“ изработија нови нешта (украси, маски, изработки, креации) од отпадни материјали од хартија, пластика, картони, цедea, капачиња...
           Пишуваа еколошки пораки и создаваа песни и композиции на тема: Екологија.
      Евалуативната активност беше на „Фестивалот на отпадот “ каде што учениците ги покажаа изработките, маските и украсите направени од хартија и пластични ќеси. Следуваше: Концерт со учениците (Оригинални стихови поврзани со отпадот на познати мелодии ).
          Завршната активност беше Еко-ревија на креации направени од отпадни материјали се со цел да се развива еколошката свест кај поединецот за повторна употреба на отпадните материјали.













четвртак, 25. април 2013.

ОСВОЕНО ВТОРО МЕСТО НА РЕПУБЛИЧКИ НАТПРЕВАР ПО АНГЛИСКИ ЈАЗИК

                На 23. 04. 2013 година во Петта приватна гимназија се одржа републички натпревар по англиски јазик на кој учество земаа учениците: Филип Николов од VIIIa одделение, Филип Здравески, Стефани Трајковска и Елена Пешевска од  VIIIг одделение. Учениците Филип Николов (ментор Лариса Станкова) и Филип Здравески (ментор Анета Макревска) го освоија второто место. Им честитаме.

петак, 29. март 2013.

„ПРОДАВАМЕ РОЗИ, ДА КУПИМЕ РОЗИ“

           По повод 21 Март- Ден на екологија и Ден на пролетта во соработка со општина Кисела Вода и „ Пакомак“ нашето училиште „Рајко Жинзифов“ зема активно учество на Продажниот хепенинг под мотото„ПРОДАВАМЕ РОЗИ, ДА КУПИМЕ РОЗИ“
      Вредните раце на нашите ученици повторно покажаа дека може да создаваат цветови од хартија, картон, салфети и друг  материјал . Хепенингот се одржа пред Месната заедница на населбата Пинтија.
     Од собраните парични средства ќе купиме рози и други цвеќиња кои ќе ги засадиме во дворот на Подрачното училиште„ Рајко Жинзифов“
                    
                                                                                                  Одговорен наставник:
                                                                                                  Даниела Костадинова













      Нашето подрачно училиште „ Рајко Жинзифов“ од населба Пинтија на 16.04.2013 (вторник) имаше прекрасна еколошка активност која предизвика  интерес кај нашите Екологисти од I, II, III, IV и V одделение. Од собраните средства собрани на Продажната изложба под мотото„ ПРОДАВАМЕ РОЗИ, ДА КУПИМЕ РОЗИ“ купивме рози, зимзелени садници и цвеќиња кои ќе бидат украс на  училишниот двор во нашето училиште .
        За нашата успешна активност говорат овие фотографии. Резултатите на ова се насмеаните детски лица и развиената еколошка свест за повторна активност со која ќе докажеме дека сме успешно ЕКО- УЧИЛИШТЕ.
      Нашата наредна еколошка  активност ќе биде на 22 Април-Ден на планетата Земја.          Подготвуваме ЕКО-ФЕСТ во нашето подрачно училиште со почеток во 12.30 часот.