Како и секоја година така и оваа на 13.06.2025 (петок) се организираше мал промотивен прием на постигањата на континуирано одлични ученици како и прогласување на ученик на генерација 2016-2025 година. Приемот се одвиваше во училишната канцеларија на која присуствуваа наградените ученици, нивните родители, наставници, класни , одделенски раководители, директор и стручна служба.
Најнапред беше истакнат ученикот на генерација Никола Арсовски од 9б одделение, а по него се истакнаа учениците со континуиран одличен успех со 5,00 од сите четири паралелки. Беа наградени следните ученици:Јан Петрушевски, Ана Марија Анчевска, Јована Цветковиќ, Леонид Темелковски од 9а. Јакуб Османовиќ, Никола Арсовски од 9б. Александар Муруќ, Максим Ѓоршевски од 9в и учениците Андовски Лео, Богдановска Стефанија, Јованов Слободан, Ковачоска Калина и Трајкоска Илина од 9г одделение.
Учениците беа испратени со дипломи, аплауз, честитки и прекрасни пораки од наставниците за понатамошни успеси и постигнувања, но притоа никогаш да не го заборават првото училиште.
Одговорен наставник: Љуба Мишевска
Нема коментара:
Постави коментар