Нашето училиште ја имаше таа чест да добие донација од Lions clubs international foundation Мaкедонија, со целосно опремување на сензорна соба.
Лајонсите од Дистрикт 132 РС Македонија и Меѓународната фондација на Лајонс клубовите со здружени сили, со финансиска поддршка преку гранд од Фондацијата и преку посветената работа на Лајонс клубовите Скопје Пајко Маало и Скопје Алфа, со координаторот Лајонс Зоран Илиќ.
Сензорните соби се специјално дизајнирани простории кои комбинираат повеќе стимулации за да им помогнат на учениците да ги развиваат и ангажираат сетилата. Тука се вклучени светла, бои, звуци, меки сензорни предмети за игра кои се користат во безбедна средина која му дозволува на ученикот кој ја користи да истражува и да игра без ризик.
Училишен дефектолог
м-р Адријана Кукоска
Нема коментара:
Постави коментар