петак, 25. септембар 2015.

ЕВРОПСКИОТ ДЕН НА ЈАЗИЦИТЕ


Во рамките на годишната програма за работа  на училиштето: ООУ „Рајко Жинзифов“- н. Драчево, беше планирана активност за одбележување на 
ЕВРОПСКИОТ ДЕН НА ЈАЗИЦИТЕ.
За таа цел, на ден: 24. 09. 2015 г. (четврток) со почеток во 12.30 часот, во холот на училиштето, беше реализирана пригодна програма. Во истата, учествуваа учениците од I до IX одделение од централното  и  подрачното училиште во Пинтија.
Носители на програмата беа наставниците по англиски јазик: Магдалена Бадарова, Анета Макревска, Маја Димеска, Александра Колевска и наставниците по француски јазик: Наталија Делева и Анета Ѓуровска Арсовска, во соработка со наставникот по музичко образование Даме Коларовски.

Свое обраќање до присутните имаше и директорот на училиштето Елизабета Славковска. 
На приредбата и претходеше неколкудневна подготовка.
Покрај наставниците од училиштето, помеѓу присутните беа и наставници од другите општински училишта, родители, како и претставници на Секторот за образование, при Општина Кисела Вода. 
Дел од програмата беа изведба на рецитали, стихотворби и драматизации на англиски и француски јазик, а дел интерпретација на англиски песни и француски шансони со изведба во живо, поткрепени со кореографија.



уторак, 15. септембар 2015.

Од посетата на манифестацијата „ПАТУВАЊЕ НА ФРАНЦУСКАТА КНИГА“



На 10.09.2015 членовите во секцијата по француски јазик при  ООУ „Рајко Жинзифов“ од подрачното училиште во населба Пинтија со наставничката по француски јазик Анета Ѓуровска-Арсовска  ја посетија манифестацијата „ПАТУВАЊЕ НА ФРАНЦУСКАТА КНИГА“ во рамки на регионалната турнеја на францускиот театар „Ларденоа“ со „ Камион со приказни“. Настанот беше организиран од страна на Францускиот Институт, а се одржа во Националната Универзитетска Библиотека „Климент Охридски“.
Настанот беше отворен со говор од страна на директорот на Библиотеката  г-н Иван Заров,  директорката на Францускиот Институт во Скопје, г-ѓа Изабел Марки-Барбо како и Амбасадорката на Франција во Р. Македонија г-ѓа Лоранс Оер.
Учениците учествуваа во забавните и едукативни активности како и во книжевните работилници и литературни катчиња. Оваа манифетација беше пренесувана од  француската телевизија ТВ5 Monde како и од локалната телевизија Сител.

уторак, 1. септембар 2015.