На ден 30.12.2024 година, Амбасадорот на Народна Република Кина и неговите придружници беа свечано пречекани од Директорот на училиштето доц. д-р Горанчо Јакимов и дел од вработените во ООУ „Рајко Жинзифов“ .
Амбасадорот додели 15 вредносни ваучери на ученици кои покажаа извонредни успеси во учебната 2023/2024 година. Ваучерите беа доделени на 15 ученици кои освоија прво, второ или трето место на меѓународни, државни или регионални натпревари. Со оваа донација се оддава признание на трудот, посветеноста и постигнувањата на учениците, поттикнувајќи ги за понатамошни успеси.
предметен наставник Магдалена Бадарова
Нема коментара:
Постави коментар