Денес на 3 Декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост, во нашето училиште го одбележивме со отварање на Сензорна соба и отварање на првата инклузивна училница на отворено во Општина Кисела Вода со градоначалникот на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски.
Потоа се прочита пригоден реферат, се промовираа креативните изработки, флаер и збирката на творби од учениците на тема: „Убавините на различностите – Сите сме дел од едно цело“, како дел од интерниот училишен проект. Се промовираа и дел од изработките од реализираните работилници со учениците од I до IX одделение. Секој ученик на свој, единствен начин попринесе да се одбележи овој значаен ден за лицата со попреченост, со порака дека секојдневно ги поддржуваме, поттикнуваме, меѓусебно се почитуваме и се бориме да бидеме еднакви!
ИНКЛУЗИВНА УЧИЛНИЦА НА ОТВОРЕНО
Во нашето училиште со цел да се задоволат потребите на сите ученици подеднакво, директорот Горанчо Јакимов со поддршка од дефектологот Адријана Кукоска, предметните наставници Билјана Наунова, Даниел Манасиев, Тони Петрушевски, Горан Петковиќ, Никола Соколовски, Ангела А. Горгиевска, психологот Бранка Бранковиќ и помошно - техничките лица Игор Миленкоски и Љупчо Петрески го реализираше проектот „Инклузивна училница на отворено“ која е единствена во општината. Инклузивните училници вообичаено се дефинираат како училници дизајнирани за учениците со посебни образовни потреби да учат заедно со типичните ученици во одделенија соодветни на возраста.
Нашата инклузивна училница на отворено ја опремивме со дидактички матeријали кои самостојно ги изработивме, со предмети од секојдневниот живот, елеметни и играчки кои го задржуваат вниманието на децата. Секој елемент различно влијае за развивање на креативноста, моториката, сетилата, ориентација, координација, мислење и секој од нив има позитивен ефект за развојот на детето. Инклузивната училница на отворено тековно ќе ја опремуваме во зависност од потребите на нашите ученици.
Во инклузивната училница на отворено се реализираа повеќе инклузивни работилници преку кои учениците се запознаа со дидактичките средства, нивната намамена и бенефит.
СЕНЗОРНА СОБА
Во нашето училиште, со поддршка од Општина Кисела Вода, отворивме сензорна соба која ја опремивме со сензорни средства и дидактички материјали кои ќе ја подобрат способноста за учење на учениците со попреченост. На отварањето присуствуваше Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и претставници од Општина Кисела Вода. Во сензорната соба преку активирање на сетилата за вид, слух, допир, вкус и мирис, се подобрува способноста на учениците со попреченост да разберат, запаметат и да применат нови информации.
дефектолог м-р Адријана Кукоска
Нема коментара:
Постави коментар