Во првото полугодие одржани се интересни активности на
часовите по Биологија и Природни науки.
Учениците од VI
- б одделение по предметот Природни
науки преку презентација се запознаа со
градбата и функцијата на човечкиот скелет. Тие користеа слики, постери, училишен
модел на човечки скелет за да ги идентификуваат клучните коски. Учениците
добија исечени делови од хартиен скелет и требаше да ги состават правилно а
групите се натпреваруваа кој побрзо ке го заврши предизвикот. Учениците беа
активни, заинтересирани и соработуваа во групите.
Во истото
одделение VI - б
одд. учениците по предметот Природни науки се запознаа со Составот на крвта
(црвени, бели крвни клетки,крвни плочки и крвна плазма) преку практични вежби. Експеримент
(модел на крв) - за таа цел користеа: сок
од јаболко (крвна плазма), црвени бонбони скителс (црвени крвни клетки), бели
ментол бонбони(бели крвни клетки) и шарени мрвици (крвни плочки). Дискутираа за
улогата на секој дел.Учениците уживаа во улогите во практичните експерименти
беа активни, и лесно ја разбраа наставната единица.
Со учениците од VII одделение по предметот Биологија истражувавме за
градбата на растителната и животинската клетка и ги воочивме разликите во
нивните делови како и нивната функција во клетките.
Користејки различни материјали учениците следеа
презентација, работеа во групи, беа креативни и создадоа мали уметнички дела од
клетки. На крај ги презентираа своите изработки со објаснување што научиле на
часот. A
исто така тие видоа и како изгледаат клетките на ципа од кромид
под микроскоп.
Учениците од VIII
- б одделение по предметот
Биологија испитуваа присуство на различни хранливи материи (глукоза, скроб, протеини,
масти) во различни видови храна со користење хемиски реагенси и едноставни
лабораториски тестови. Учениците работеа во 5 групи, експериментираа со
ресурсите што им беа на располагање и презентираа резултати. Тие беа ангажирани, активно учествуваа во
експериментите и покажаа интерес за анализата на храната.
Учениците од IX
- а одделение по предметот
Биологија добија задача да ја истражат и разберат градбата на семето од грав преку
практични активности и набљудувања.. Овој
час решивме да го одржиме во нашата училница на отворено,која е одлично место
за истражување. Тука се наоѓа и нашата симпатична мала градина каде
уживавме во мирисите на зачински билки.
предметен наставник Билјана Наунова
Нема коментара:
Постави коментар