На ден 26.12.2024 год. учениците од III-д одделение во пресрет на новогодишните и божиќните празници подготвија и рализираа новогодишна приредба пред своите родители под наслов „Потрага по Дедо Мраз“.
Во приредбата беа активно вклучени сите ученици од одделението кои на интересен начин преку драматизација, песна и ритмичка игра пренесоа новогодишна магија во училницата но и интересна порака кон своите најблиски дека на децата не им се потребни само скапите и модерни подароци, компјутери и телефони за новогодишните и божиќните празници, туку некогаш единствено што посакуваат е времето и љубовта од своите родители, дека треба да се учи за знаење, а не за петки, дека не треба да се искористуваат родителите.
Родителите со голем интерес ја проследија истата, беа пресреќни и искажаа задоволство што нивните деца се ангажирани .
СРЕЌНА НОВА ГОДИНА!
одделенски наставник Елена Стојановска
Нема коментара:
Постави коментар