четвртак, 26. децембар 2024.

Новогодишен хепенинг

        На ден 25.12.2024 год. среда во подрачното училиште се реализираше Новогодишен хепенинг од хуманитарен карактер. Училишниот хол пулсираше во новогодишно расположение. Тука посетителите имаа можност да купат автентично рачно изработени новогодишни сувенири, вкусна храна, украси, пригодни подароци и тоа се по симболична цена.

        Учесници беа сите ученици од I до IX одделение заедно со своите класни раководители како и нивните родители. Парите кои беа собрани од базарот беа лично врачени на родителите чија куќа беше опожарена. Родителите искажаа задоволство и ја поздравија идејата за релизираната  хуманитарна акција. Парите можеби не беа многу, но во вакви моменти делата говорат многу повеќе.

Огромна благодарност до сите учесници!

одделенски наставници и класните раководители од предметна настава  од подрачното училиште и училишен педагог Весна Рафеска




 












Нема коментара:

Постави коментар