субота, 7. децембар 2024.

ВО ЧЕСТ НА СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ


        На 6.12.2024 год. се одбележа денот на Св. Климент Охридски со ученици од VI—а и IX—а одделение. Најнапред беше прочитан реферат посветен за животот и делото на Климент, потоа беше проследена презентација за ширењето на македонскиот јазик и култура преку Охридската книжевна школа во Охрид, неговата големина во однос на учителствувањето и прпопведање за вистинските вредности на обичниот човек. 

        Следеа презентации на изработки-хамери за Св Кирил и Методиј и Св Климент-како нивни најистакнат ученик. Дел од учениците од VI одделение напишаа  лични творби и истите беа презентирани пред останатите ученици. На самиот крај учениците истакнаа дека Климент е најголемиот почитувач на јазикот и вистинските човекови вредности за кои и ние треба да се залагаме. ЧЕСТИТ ПРАЗНИК! 


 БИСЕРЕН  ЃЕРДАН“

Денес е празник светол,

за него знае и светот.

Свети Климент го славиме,

неговото дело да го поздравиме!

 

Со перо во рака, во ноќите темни,

неуморно букви од азбука реди.

Глаголица тешка одлучно смени, 

секоја буква богатство вреди.

 

Ко од охридски бисери ѓердан,

букви во Кирилица нанижа.

Охрид на писменоста лулка стана

и за знаење најголем мегдан.

 

Денес е празник светол, 

за него знае и светот.

Македонија патронот свој го слави,

исправете сите гордо глави!

               

ученик Стела Шоклевска VI-а одд.

предметен наставник Љуба Мишевска

 


Нема коментара:

Постави коментар