петак, 27. децембар 2024.

Интерен училишен проект „Убавините на различностите“


         Во текот на првото полугодие од учебната 2024/2025 година училишниот дефектолог го реализираше интерниот училишен проект Убавините  на  различностите“ чија цел има поддршка на учениците со различни можности, способности и различна етничка припадност, подигнување на свеста кај учениците  а прифаќање на различностите и надминување на присутните предрасуди и стереотипи, формирање на Училишен центар за почитување на различностите кој ќе работи во училиштето и пошироката локална средина. 

    Се формираше тим  на наставници и се определија задолженијата и договор за понатамошните активности. Учениците се информираа, се запознаа со интерниот училишен проект и тековните активности. Се реализираше АНКЕТА 1  и се формираше  Училишен центар за почитување на различности со ученици од VIII и IX одделение. 

    Се реализираа работилница Инклузија“ и работилница Инклузивен јазик“.  Беше распишан ликовен и литературен конкурс на тема Убавините на различностите- сите сме дел од едно цело“.  Се подготви флаер со заклучоци од досега сработеното, се подготови, се  дизајнираше и се испечати збирката. Збирката, флаерот и креативните изработки се промовираа во училиштето при одбележување на 3 декември меѓународен ден на лицата со попреченост.

    Во рамки на проектот имавме и хуманитарна акција, со средствата се обезбедија пакетчиња кои беа дискретно поделени  на учениците со попреченост и учениците од социјално загрозени  средини.

 

дефектолог м-р Адријана Кукоска

 
















Нема коментара:

Постави коментар