субота, 8. фебруар 2025.

Остварена едукативна посета на Музеј на македонската борба

Остварена едукативна посета на Музеј на македонската борба

За учениците од 8г одделение од подрачното училиште на ООУ „Рајко Жинзифов“ во населба Пинтија на 6 февруари 2025г. беше организирана и успешно остварена едукативна посета на музејот на македонската борба.

Во рамките на посетата учениците слушаа објаснување од водич во музејот додека ги разгледуваа поставките. На овој начин тие ги продлабочија своите знаења за историјата на Македонија и за тоа како таа е претставена во горенаведениот музеј. Преку слушањето на објаснувањето и разгледувањето на поставките беше остварено поврзување со материјата што се учи во рамките на наставните програми за Историја во 8-мо и 9-то одделение.

За време на посетата учениците се однесуваа одговорно и пристојно со што нашето училиште беше претставено во убаво светло.



Нема коментара:

Постави коментар