Топлината и убавината на новогодишните празници е во магијата на споделувањето среќа, а таа се шири и пренесува само со убави дела. Затоа учениците од III-д одд. во соработка со родител на ден 13.12.2024 год. имаа можност да реализираат воннаставна активност следење на интерактивна Новогодишна претстава под наслов „Хокус, Покус и Дедо Мраз“ во хотел „Континентал“. Со голем интерес и воодушевување ја следеа претставата, учествуваа во неа, научија многу нови факти, се дружеа со Дедо Мраз и неговите пријатели. Следеше фотографирање и поделба на многу посакуваните подароци од Дедо Мраз—пакетчињата. Потоа се префрливме во работилницата на Дедо Мраз каде учениците имаа можност да изработуваат новогодишни лампиони од гипс и разновидни украси од различни материјали. Крајот на активностите ги заокруживме со мала коктел забава. Привилегија е да се биде дел од овој настан. Благодарност до родителот!!!
Во Новата 2025 ви посакуваме многу подароци под вашата елка, многу среќа во вашиот дом и уште повеќе љубов во вашите срца. Среќни празници!!!
одделенски наставник Елена Стојановска
Нема коментара:
Постави коментар