петак, 27. децембар 2024.

ТЕХНИКИ ЗА УСПЕШНО УЧЕЊЕ

        Согласно годишните планирања во текот на првото полугодие во учебната 2024/2025 година стручните соработници училишниот педагог и психолог реализираа работилници на тема Техники за успешно учење“ со учениците од VI одделение. 

        Работилниците имаат интерактивен карактер. Претходно, на учениците им беше зададен тест, со цел да откријат на кој начин најлесно учат.  Целта на работилниците е кај учениците да се развијат вештини за самостојно учење, да умеат да го препознаат сопствениот начин/стил на учење и да научат како да учат“.

        Истите работилници се реализирани со учениците кои имаат намален успех на крај на првото тримесечје во учебната 2024/2025 година и дадени им се конкретни насоки на кои начин да го подобрат училишниот успех. 

психолог Бранка Бранковиќ 

педагог Весна Рафеска

 




Нема коментара:

Постави коментар