На ден 28.12.2024 год. нашето училиште беше дел од првиот фудбалски турнир „И јас сакам фудбал, и ...“ кој се одржа во спортската сала „Архиепископ Доситеј“ во населба Кисела Вода организиран од ЖФК „Џиџи“ во соработка со Општина Кисела Вода. На фудбалскиот турнир учествуваа момчиња и девојчиња од 8 до 10 години од општинските основни училишта во Општина Кисела Вода. Освен натпревари помеѓу училиштата се реализираа натпревари и помеѓу младите фудбалерки од ЖФК „Џи-Џи“ и фудбалерите од ФК Форца-Вардар. Со овој голем настан се пренесе силна порака на сите дека фудбалот го сакаат подеднакво и девојчињата и момчињата. ФУДБАЛОТ Е СПОРТ И СРЕЌА ЗА СИТЕ!!!
предметен наставник Зоран Петковски
одделенски наставник Александра Илијева Арсовска
Нема коментара:
Постави коментар