Во текот на првото полугодие во учебната 2024/2025 година стручните соработници училишниот педагог и психолог реализираа работилници на теми поврзани со врсничко насилство „Булинг“, „Толеранција“ и „Стереотипи и предрасуди“. Во овие работилници учествуваа вкупно 124 ученика од I,V,VI и IX одделение.
Проблемот со врсничкото насилство, познато како булинг, е широко распространет меѓу младите. Поради тоа, неопходно е да се почне со подигнување на јавната свест за тежината на овој проблем и последиците што врсничкото насилството ги остава врз кревката детска психа.
Целта на овие работилници е да се препознаат карактеристики на насилство, насилникот и жртвата, да се унапредат односите и комуникацијата помеѓу учениците, да се зајакнаат знаењето и вештините на учениците за конструктивно решавање на конфликти, како и да се развие способност да се идентификува изворот на конфликтот.
педагог Весна Рафеска
психолог Бранка Бранковиќ
Нема коментара:
Постави коментар