Во текот на првото полугодие во учебната 2024/2025 година стручните соработници училишниот педагог, психолог и дефектолог реализираа работилници на теми поврзани со ментално здравје на младите.
Во месец септември од страна на училишниот педагог, психолог и дефектолог реализирани се вкупно 11 работолници: „Грижа за ментално здравје“, „Моето другарче“, „Сите сме еднакви“ и „Тоа сум јас“ со учениците од I, VI, VII и VIII одделение. Во овие работилници земаа учество вкупно 220 ученици. Овие работилници имаат за цел училиштето да го направат место во кое учениците ќе сакаат да престојуваат, во кое ќе бидат вклучени и нивното мислење и нивните чувства ќе бидат земени предвид.
Во месец октомври реализирани се вкупно 26 работилници од страна на училишниот дефектолог, педагог и психолог на различни теми: „Емоции“, „Скршено срце“, „Другарство“, „Грижа за ментално здравје“, „Кога се чувствувам среќно/тажно/уплашено“, „Сите заедно се дружиме“, „Запознавање со инклузивна училница на отворено“, „Тоа сум јас“ и „Убави зборови за моето другарче“. Во овие работилници земаа учество вкупно 482 ученика од I, II, III, IV,V, VI, VIII и IX одделение. Целта на овие работилници е учениците да ги препознаат своите емоции, развивање на емпатија кај учениците и почитување на различностите.
Во месец ноември реализирани се вкупно 22 работилници. Темите кои се обработени во склоп на работилниците имаат за цел развивање на подобра инклузивна средина, толеранција, асертивна комуникација, самодоверба, самопочитување и почитување на другите. Вкупно 388 ученици и 29 родители учествуваа на некои од следните работилници „Моите чувства – мојата среќна и тажна страница“, „Скршено срце“, „Другарство“, „Како да го подобрам однесувањето“, „Се за мене“, „Сите сме различни“, „Инклузивен јазик“, „Инклузија“ , „Убавините на различностите“ и „Стилови на родителство“ .
Во месец декември од страна на стручните соработници училишниот психолог, педагог и дефектолог реализирани се вкупно 21 работилница на различни теми поврзани со ментално здравје: „Сите сме дел од едно цело“, „Исти насоки – различни цртежи“, „Заедно сме посилни“, „Како да бидам самоуверен“, „Самопочитување – свест за себе“, „Другарство“, „Надминување на мојот страв“ и „5 разлики меѓу нас“ . Во oвие работилници земаа учество вкупно 418 ученици од I, II, IV, V, VI, VII, VIII и IX одд.
педагог Весна Рафеска
психолог Бранка Бранковиќ
дефектолог Адријана Кукоска