четвртак, 20. децембар 2018.

СОРАБОТКА СО ДРЖАВНОТО СРЕДНО УЧИЛИШТЕ „БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ“

На 19.12.2018 г. на покана од средното училиште група ученици од дветто одделение заедно со предметниот наставник по ликовно образование Даниел Манасиев и училишниот педагог Весна Рафеска, присуствуваа на креативна работилница во ДСУ „Браќа Миладиновци“. Во првиот дел од работилницата учениците проследија видео презентација преку која имаа можност да се запознаат со насоките и работата во училиштето, со цел помош во професионалната ориентација на учениците од деветто одделение. Во вториот дел заедно со професорите од училиштето, како и ученици од насоката „Хортикултура и цвеќарство“ имаа можност да изработуваат новогодишни икебани и украси од природен материјал. Учениците искажаа големо задоволство и креативност, а изработените украси беа подарени на нашите ученици.

                                                                             Училишен педагог Весна Рафеска


Нема коментара:

Постави коментар