понедељак, 15. април 2019.

Регионален натпревар по англиски јазик



На 13. IV 2019 година во просториите на FON University, се одржа регионален натпревар по англиски јазик за учениците од V до IX одделение.  На него учествуваа две ученички  од нашето училиште, кои претходно се квалификуваа на општинскиот натпревар: Леа Петрушеска од VI-а одделение, ментор Анета Макревска и Леонтина Костовска од VII-г одделение, ментор Маја Димеска. Учениците добија пофалници за учество.





Посета на фестивалот за детска книга и илустрација,
во организација на Литера




На 13. 04. 2019 г. учениците од литературната секција од подрачното училиште во н.Пинтија, заедно со  одговорната наставничка по македонски јазик Елена Ристевска, беа дел од меѓународниот фестивал за детска книга и илустрација „Литера“,  кој годинава за прв пат се одржа во Музеј на современа уметност. Целта на фестивалот беше презентација на најдобрите дела од домашната и светската детска литература и илустрација. На една од работилниците ( Работилница за креативно пишување со Калина Малеска ) учество земаа и нашите ученици.






„Ракатки“  

На 12. 04. 2019 г. се одржа петнаесетиот литературен фестивал „Ракатки“ во Скопје. На фестивалот учествуваа ученици од сите основни училишта во Македонија, но фестивалскиот одбор се одлучи за 30 најдобри творби чии ученици учествуваа на литературно читање. На овој фестивал прва награда доби ученичката Ева Карамановска од 9-б одд под менторство на наставничката по македонски јазик Љуба Мишевска.


ХУМАНОСТА, СЛОГАТА И ЗНАЕЊЕТО СЕ КЛУЧ ЗА УСПЕХ
              Сe во животот започнува како сон, како магла, со првите осознавања на околината. Ја чувствувам болката на страдалниците на Земјава! Лелекот на болните, солзите на напуштените, гневот на обесхрабрените, грижата на загрижените за својот спас. Како во некој магичен круг на полети и падови се одвиваат животите на сите жители на Земјава. Во овие мои духовни борби на избор за човечност и хуманост, во прецесот на моето созревање преку свој личен монолог си поставувам безброј прашања:
“Која е мојата улога во овој свет?’’
“Што е тоа што треба и сум должна да го направам?’’
            Животот е миговна игра во која ние сме показатели на иднината, а таа... иднината зависи од тоа како сме ја живееле нашата животна приказна. Само од нас зависи дали таа ќе се раскажува во иднина. Ако приказната се раскажува, значи дека убаво си го живеел животот, си успеал и си останал запаметен по добрината, хуманоста, човечноста. Дали луѓето се раѓаат хумани или пак одредени ситуации ги принудуваат несебично да се грижат и да им помагаат на другите?
 На ова прашање одговор се нашите дела. Со сета наша сила треба да се бориме да нема гладни низ светот, да нема напуштени, заборавени, осамени.
            Верувам во судбина, но сакам да ја изменам во подобра и посреќна за сите нас. Судбината  вметнува молњи и громови во нашиот живот. Мислам дека таа е начин на кој го толкуваме животот. Уште од денот на нашето раѓање на секој од нас му е запишано по кој пат ќе се движи. Со својата моќ токму таа  ми дозволи да бидам хумана и човечна. Ме научи дека животот им прави пат само на оние кои знаат, помагаат и учат од другите. Само со знаење може да се избере подоброто. Само вербата во подобро утре и добрината на нашите дела го прави светот поубав.
 Да им ја подариме сигурноста на несигурните!
Да им ги стоплиме душите на измрзнатите!
Да ги нахраниме прегладнетите!
Ако имаш две, подари едно. Никој не бара повеќе од сигурност и среќа. Биди хуман.
             Јас во моите раце го имам универзалниот клуч со кој можам да ги отворам сите врати. Иако не е лесно да се качуваме по скалите на животот, сепак би вредело да се обидеме,  да превземеме одговорност наместо да глумиме жртви како полесна опција. Се повеке луѓето бегаат од реалноста. Ништо не може да го уништи човештвото како нечовечноста, нехуманоста, зависта, злобата. Да се биде злобен, себичен, нечовечен значи да се биде вечно осамен. Остави ги тие лоши особини. Дојди, зачекори заедно со мене! Сплоти ги твојата хуманост и човечност со мојата и охрабри го светот. Создавајки среќа и ти си среќен, бидејќи хуманоста и слогата се носат во срцето и тие се клучот кон успехот.

                                                                                   Ева Карамановска IXб одд.

                                                                             OОУ „Рајко Жинзифов“ н. Драчево
 

 

Нема коментара:

Постави коментар